Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗРА 7

7
ВРАЌАЊЕ НА ЕЗДРА И НЕГОВИ ПРОМЕНИ 7:1-10:44
А. Езрино родословие
1По тие настани, во времето на царувањето на Артаксеркс, персискиот цар, Езра - син на Серај, синот Азариев, син Хелкиев, 2син Салумов, син Садоков, син Ахитов, 3син Амариев, син Азариев, син Мерајотов, 4син Зераев, син Озиев, син Вукиев, 5син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на врховниот свештеник Арон - 6тој Езра, се врати од Вавилон. Беше книжевник вешт во Мојсеевиот Закон, што го даде Господ, Израелевиот Бог. Бидејќи раката на Господа, неговиот Бог, беше над него, царот му даде сѐ што бараше.
7Одреден број Израелци, свештеници, левити, певци, вратари и слуги тргнаа за Ерусалим во седмата година на царот Артаксеркс. 8А Ездра дојде во Ерусалим во петтиот месец: тоа беше во седмата царева година. 9Тргна од Вавилон во првиот ден на првиот месец, а стигна во Ерусалим во првиот ден на петтиот месец: над него беше добрата рака на неговиот Бог! 10Затоа Езра настојуваше, со сето свое срце, да проникне во Господовиот Закон, да го извршува и да го поучува Израел во законите и уредбите.
Б. Артаксерксов указ за Езра
11Еве препис од исправата што царот Артаксеркс му ја даде на свештеникот Езра, книжевник вешт во наредбите и законите, кои Господ му ги даде на Израел: 12„Артаксеркс, цар на царевите, на свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, потполн мир. 13Еве ги моите повелби: Секој во моето царство, од израелскиот народ, од неговите свештеници или од неговите левити, кој сака да тргне за Ерусалим, може да дојде со тебе. 14Освен тоа, те праќа царот, и неговите седум советници, да ги прегледаш Јудеја и Ерусалим според Законот на твојот Бог, што ти е во раката, 15и да ги однесеш среброто и златото, што царот и неговите седум советници доброволно Му принесуваат на Израелевиот Бог, Кој живее во Ерусалим, 16и сето сребро и злато што ќе го собереш по сета вавилонска покраина со доброволните приноси, кои народот и свештениците ќе ги принесат за Домот на својот Бог во Ерусалим. 17И погрижи се со тие сребреници да купиш јунци, овни и јагниња, а исто така и дарови и налевниците што одат со тоа: принеси го тоа врз жртвеникот на Домот на вашиот Бог во Ерусалим. 18Со среброто и златото што ќе остане направете, ти и твоите браќа, како што ќе ви се свиди најмногу, исполнувајќи ја волјата на вашиот Бог. 19Посатките што ги прими за служба во Домот на твојот Бог остави ги пред твојот Бог, во Ерусалим. 20И што ќе треба уште за Домот на твојот Бог и што би требало да се набави, ќе примиш од царската ризница.
21Јас, царот Артаксеркс, уште им заповедам на благајниците оттаде Реката: сѐ што ќе побара од вас свештеникот Езра, писар на Законот на небесниот Бог, дајте му веднаш најточно, 22до сто таланти сребро, сто кори пченица, сто вати вино, сто вати масло, а сол по желба. 23Сѐ што ќе нареди небесниот Бог, нека се изврши веднаш со сета горделивост за Домот на небесниот Бог, та Неговиот гнев да не дојде врз царевото царство и врз неговите деца. 24И уште ви јавуваме дека не смее да се наложува данок, ниту порез, ниту царина ниту на еден од свештениците, левитите, певците, нетинците и на другите службеници на Божјиот Дом.
25А ти, Езра, според мудроста на твојот Бог, која ја имаш во рацете, постави службеници и судии, кои ќе му судат на целиот народ од онаа страна на Реката, то ест на сите, кои го познаваат Законот на твојот Бог. Кој не знае, поучете го вие. 26Кој не ќе го извршува Законот на твојот Бог - што е и царев закон - нека биде осуден остро: на смрт, на заточение, на глоба во сребреници или на темница.“
В. Езрина пофалбена песна
27Благословен нека е Господ, Бог на нашите татковци, Кој го вдахнови царевото срце за да го прослави Господовиот Дом во Ерусалим, 28и Кој ја сврти кон мене милоста на царот, на неговите советници и на сите најсилни царски службеници. А јас се осмелив, зашто раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав Израелевите главатари да тргнат со мене.

Селектирано:

ЕЗРА 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност