Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗРА 5

5
3. Изградба на Храмот при Агеј и Захариј
а. Почеток на работи
1Тогаш пророците Агеј и Захариј, синот Адонов, почнаа да им пророкуваат на Јудејците во Јудеја и Ерусалим, во Името на Израелевиот Бог, Кој беше над нив; 2тогаш Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јоседеков, станаа и почнаа да го ѕидаат Божјиот Дом во Ерусалим: Божјите пророци беа со луѓето и ги бодреа.
б. Злонамерна истрага
3Во тоа време дојде кај нив Татнај, управител оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници и ги прашаа: „Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате овие ѕидови? 4Како се викаат луѓето, кои ја изградија оваа зграда?“ 5Но Божјото око бдееше над јудејските старешини, па не им забранија да работат додека веста не отиде до Дариј и додека не стигна писмен одговор за тоа.
в. Пријава до цар Дариј
6Ова е препис на писмото, што му го испратија на царот Дариј: „Татнај, управител од онаа страна на Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници, оттаде Еуфрат.“ 7Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир! 8Царот нека знае дека дојдовме во покраината Јудеја кај Домот на великиот Бог: го градат со крупни камења, ѕидовите ги обложуваат со дрво; работата се изведува внимателно и напредува во нивните раце. 9Ги прашавме нивните старешини и им рековме: ‘Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате неговите ѕидови?’ 10Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме. Така и ги запишавме имињата на оние, кои заповедаат со луѓето. 11А тие ни одговорија вака: ‘Ние сме слуги на Бога на небото и земјата; го градиме Храмот што беше изграден пред многу години и што го беше изградил и подигнал големиот цар на Израел. 12Но кога нашите татковци го расрдија Бога на небото, Тој ги предаде во рацете на Халдеецот Навуходоносор, вавилонскиот цар, кој го разурна Храмов и го одведе народот на заточение во Вавилон. 13Но во првата година на вавилонскиот цар Кир, царот Кир заповеда да се изгради повторно Божјиов Дом. 14Уште и златните и сребрените посатки на Божјиот Дом, што Навуходоносор ги беше однесол од Светилиштето во Ерусалим и што ги пренесе во вавилонското светилиште, царот Кир ги зеде од светилиштето во Вавилон и ги предаде на човекот по име Сасавасар, кого го постави управител, 15и му рече: „Земи ги овие посатки, оди и стави ги во ерусалимското Светилиште, и Божјиот дом нека биде ѕидан на старото место.“ 16И така тој Сасавасар дојде и ги постави основите на Божјиот Дом во Ерусалим. И оттогаш па до денес се гради, и уште не е довршен.’ 17И така, сега, ако царот сака, нека се истражува во царското писмочувалиште во Вавилон, дали навистина царот Кир дал повелба да се изгради Божјиот Дом во Ерусалим. А царската одлука за тоа нека ни биде соопштена.“

Селектирано:

ЕЗРА 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност