Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 42

42
В. Соби на свештеници, свртени кон север и југ
1А потоа ме поведе кон север, во надворешниот двор, и ме доведе во просторијата спроти заградениот простор, спроти зданието кон север. 2Нивното чело на северната страна беше долго сто лакти, а широко педесет лакти. 3Спроти дваесетте лакти вратата на внатрешниот двор и спроти плочникот на надворешниот двор беа ходници еден спроти друг на три ката. 4Пред просториите беше премин кон внатрешноста, широк десет лакти и долг сто лакти. Вратите им беа свртени кон север. 5Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните. 6Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните. 7Надворешниот ѕид, вдолж на собите кон надворешниот двор, пред собите, беше долг педесет лакти. 8Зашто должината на собите на надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред Храмот сто лакти. 9Во тие простории влезот им беше од исток на оној кој им приоѓаше од надворешниот двор. 10По широчината на ѕидот на дворот кон исток, пред самото здание, имаше уште простории. 11Пред нив имаше премин како пред собите сместени кон север: со иста должина и со иста широчина; и сите нивни излези, распоредот и вратите, им беа еднакви. 12Беа како влезовите во собите што беа кон југ: влез на почетокот на секој премин, спроти ѕидот на зданието, кон исток на оној кој влегуваше во нив.
13И ми рече: „Северните и јужните простории пред заградениот простор се простории на Светилиштето: таму свештениците кои Му пристапуваат на Господа ќе ги јадат најголемите светини. Тие ќе ги оставаат тука најголемите светини, лебниот принос, жртви за грев и жртви за престапи, зашто тоа место е свето. 14А кога свештениците ќе влегуваат, нема да излегуваат од Светилиштето во надворешниот двор, туку ќе ја оставаат облеката во која ја служеа службата, зашто е света, и ќе облекуваат друга облека, за да можат да му се приближат на местото одредено за народ.“
Г. Мерење на простор пред Храм
15Откако ја измери внатрешноста на Домот, ме изведе низ источната врата и измери сѐ наоколу. 16Со мерачка трска ја измери источната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски, 17а потоа се сврти и ја измери северната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски. 18Тогаш се сврти кон јужната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски. 19Потоа се сврти кон западната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски. 20Тој го измери ѕидот на сите четири страни наоколу: беше долг пет стотини трски и широк пет стотини. Го одвојуваше светото место од несветото.

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 42: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се