ЕЗЕКИЕЛ 41
41
Б. Нов Храм
1. Светилиште и светина над светини
1Потоа ме одведе во Храмот. Му ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната и шест лакти од другата страна. 2Вратата беше широка десет лакти: на секоја страна по едно крило од пет лакти. А потоа го измери Храмот: беше долг четириесет а широк дваесет лакти. 3Тогаш влезе и ги измери полустолбовите на вратата: два лакта; потоа вратата: шест лакти; па широчииата на вратата: седум лакти. 4Потоа го измери внатрешниот простор: должина дваесет лакти, широчина пред Храмот дваесет лакти. И ми рече: „Тоа е Светина над Светините.“
2. Странични соби
5Потоа го измери ѕидот на Храмот: шест лакти. Страничните простории беа широки четири лакти, сѐ околу Храмот. 6Страничните простории беа една над друга, беа триесет на три ката. Во храмскиот ѕид беа сѐ наоколу, засеци, за да ги прифатат страничните простории. Така тие не беа вградени во храмскиот ѕид. 7Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сѐ поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот. 8Тогаш видов сѐ околу Храмот некаква височина. Основите на страничните простории: цела трска, шест лакти. 9Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот 10и собите беше сѐ наоколу Храмот, дваесет лакти широк. 11Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.
3. Зграда на западна страна
12Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.
4. Мерење на Храм и двор
13Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти. 14Широчината на челото на Храмот со заградениот простор кон исток: сто лакти.
15Тој ја измери должината на зданието вдолж заградениот простор што беше одназад и ходниците од едната и од другата страна: сто лакти.
5. Внатрешни украси
16Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сѐ наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени. 17Од влезот сѐ до внатрешноста на Храмот, а така и однадвор, сѐ по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор, 18беа ликови на херуви и палми. По една палма меѓу два херува, а секој херув имаше две лица: 19кон палмата од едната страна човечко лице, а кон палмата од другата страна лавско лице. Така беше по сиот Храм сѐ наоколу: 20од земјата до над вратата беа наделкани херуви и палми, а така и по ѕидот на Храмот.
21Довратниците на Храмот беа четириаглести. И Светилиштето имаше таков вид, како што видов. 22Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!“ 23И Храмот и Светилиштето имаа по две врати, 24а секоја врата по две крила што се вртеа. Две крила на едната и две крила на другата врата. 25А на вратите на Храмот беа ископаничарени херуви и палми, како што беа изделкани и по ѕидовите. Надвор пред тремот беше дрвена надстреа. 26Прозорците со решетките и палмите беа од едната и од другата страна на тремот, во страничните простории на Домот и на стреите.
Селектирано:
ЕЗЕКИЕЛ 41: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.