Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 43

43
Д. Господово враќање кон Храм
1. Господова слава влегува во Храм
1Потоа ме поведе кон вратата што гледаше на исток. 2И ете, славата на Израелевиот Бог доаѓаше од исток; шумот ѝ е како шум на големи води: и земјата блескаше од Неговата слава. 3Тоа привидение што го гледав беше како привидот што го видов кога дојдов да го уништам градот и како привидението што го видов покрај реката Хевар, и паднав на лицето. 4А Господовата слава влезе во Домот низ вратата што гледаше кон исток. 5Тогаш Духот ме подигна и ме одведе во внатрешниот двор. И ете: Домот беше полн со Господовата Слава.
2. Господ говори од Храм
6И чув глас што ми зборуваше од Домот, а некој стоеше покрај мене. 7И ми рече: „Човечки сине, ова е местото на Мојот Престол ова е место на стапалките на Моите нозе: тука, сред Израелевите синови, ќе престојувам засекогаш. Израелевиот дом нема да го обесветува веќе Моето свето име - ни тие ни нивните цареви - со своето блудствување и со труповите на своите цареви, по нивните високи места. 8Го ставија својот праг до Мојот, своите довратници до Моите, така што беше само ѕид меѓу Мене и нив, и го обесветуваа Моето свето име со гнасотиите што ги направија. И затоа ги сотрев во Својот гнев. 9Сега тие ќе ги отстранат далеку од Мене своето блудствување и труповите на своите цареви, а Јас ќе престојувам засекогаш сред нив. 10Човечки сине, покажи му го на Израелевиот дом овој Храм за да се засрамат од своите беззаконија. Нека му ги измерат размерите. 11Ако се засрамат заради сѐ што направија, опиши им ги Храмот и неговите размери, неговите излези и влезови, сиот негов изглед сите прописи и сите закони; запознај ги и нацртај им, за да видат и да го чуваат и да ги исполнуваат сите негови нацрти и сите прописи за него. 12А ова е закон за Домот: горе на врвот, сиот простор наоколу, ќе биде најсвета светина.
3. Размери на жртвеник
13Ова се мерките на жртвеникот, со лакти - а лакотот тука, е лакот и една педа: подножјето на жртвеникот лакот долго, лакот широко; работ со кој е обрабен наоколу - една педа. Височината на жртвеникот: 14од подножјето на земјата до долниот појас на жртвеникот - два лакта, а во широчина еден лакот; од помалиот појас до поголемиот четири лакти, а во широчина еден лакот. 15А самиот жртвеник висок четири лакти. А од жртвеникот се дигаат нагоре четири рогови. 16Жртвеникот: долг дванаесет лакти, широк дванаесет лакти, четириаголен, на сите четири страни. 17А појасот: четиринаесет лакти долг и четиринаесет лакти широк, на четири страни; неговиот раб наоколу половина лакот, а подножјето околу него наоколу еден лакот; басамаците му гледаат кон исток.“
4. Правила на осветување на жртвеник
18И ми рече: „Човечки сине, Господ Бог зборува вака: ‘Ова се жртвените прописи по кои, во свое време, треба да се подигне жртвеникот, за да се принесуваат на него паленици и за да се прска крв по него. 19На свештениците левити, на Садоковите потомци, кои што пристапуваат кон Мене за да Ми служат - говори Господ Бог - ќе им дадеш јунче за жртва за грев. 20Ќе ја земеш неговата крв и со неа ќе ги намачкаш четирите рогови на жртвеникот и четирите агли за да го очистиш и за да го осветиш. 21Потоа земи го јунчето и изгори го на одделеното место на Домот надвор од Светилиштето. 22Утреден принеси јарец без недостаток како жртва за грев, нека се очисти со него жртвеникот, како што беше очистен со јунчето. 23А кога ќе го очистиш, принеси јунец без недостаток и овен без недостаток од стадото; 24принеси ги пред Господа, а свештениците нека ги посипат со сол и нека Му ги принесат како паленица на Господа. 25Седум денови, секој ден принеси по еден јарец за грев: и нека бидат принесени јунче и овен од стадото, обата без недостаток. 26Седум денови нека го очистува жртвеникот и нека го очисти и осветува. 27Откако ќе се исполнат тие денови, од осмиот ден натаму свештениците нека ги жртвуваат врз жртвеникот вашите паленици и жртви за грев; и ќе бидам милостив кон вас’ - говори Господ Бог.“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 43: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се