Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 6

6
1Господ му рече на Мојсеја: „Скоро ќе видиш како ќе постапам Јас со фараонот! Под силна рака ќе ги пушти да заминат; под силна рака сам ќе ги истера од својата земја.“ 2Уште Бог му рече на Мојсеја: „Јас Сум Господ. 3Им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Ел Шадај. Но не им се открив со Своето име - Господ. 4И склучив завет со нив дека ќе им ја дадам Ханаанската Земја, земјата во која живееја како придојденци. 5А сега, откако ги чув воздишките на Израелците, кои Египетците ги држат во ропство, си спомнав на Својот Завет. 6И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго. 7Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување. 8Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.“ 9Мојсеј им го кажуваше тоа на Израелците, ама не сакаа да го слушаат: духовите им беа заматени од тешкото ропство. 10Тогаш Господ му рече на Мојсеја: 11„Оди и речи му на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од својата земја.“ 12Мојсеј Му прозбори на Господа: „Кога Израелците не ме слушаа, како ќе ме сослуша, бавен во говорот, фараонот!“ 13Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
14Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима. 15А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона. 16Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години. 17Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства. 18Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години. 19Мерариеви синови се: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите семејства со нивните потомци. 20Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години. 21Исарови синови беа: Кореј, Нафег и Зехриј. 22А Озилови синови се: Мисаило, Елисафан и Сигриј. 23Арон се ожени со Елисавета, ќерката Аминадавова, сестрата Насонова, која му ги роди: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамара. 24Корееви синови беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа се Кореевите потомци. 25Ароновиот син Елеазар се ожени со една од Футиловите ќерки, која му го роди Финеса. Тоа се главатарите на Левиевите домови според нивните семејства. 26Тоа се оној Мојсеј и Арон, на кои Господ им заповеда да ги изведат Израелците од Египет во нивните чети. 27Тоа се оние истите, Мојсеј и Арон, кои му зборуваа на фараонот, на египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
28Во денот кога Господ зборуваше со Мојсеја во Египетската Земја, му рече: 29„Јас Сум Господ. Извести го фараонот, египетскиот цар, за сѐ што ти реков.“ Мојсеј се правдаше пред Господа: „Јас сум бавен во говорот. Како ќе ме послуша фараонот!“

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се