Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 31

31
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Гледај, Јас го повикав по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, од Јудиното племе. 3Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи: 4да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза; 5за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи. 6Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сѐ што ти наредив: 7Шаторот на средбата, Ковчегот на Сведоштвото, врз него Очистилиштето и сиот намештај на Шаторот; 8столот и сиот негов прибор, чистиот светилник со сиот негов прибор; 9кадилниот жртвеник, жртвеникот за жртви паленици и неговиот прибор, потоа мијалникот и неговото подножје; 10облеки за службата, посветените облеки за свештеникот Арон и облеките за неговите синови, за нивната свештеничка служба; 11па миро за помазание и благомирислив темјан за Светилиштето. Нека направат сѐ како што ти наредив.“
Сабота - знак меѓу Господа и Израел
12Пак Господ му рече на Мојсеја: 13„Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам. 14И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ. 15Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен. 16Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет. 17Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата, а на седмиот ден прекрати да работи и се одмори.’“ 18Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 31: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност