Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 27

27
Бронзен жртвеник
1„Направи жртвеник од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - вистински четвртест - и висок три лакти. 2Направи рогови на неговите четири агли. Роговите нека му бидат од едно парче со него. И опкови ги со бронза. 3Натаму, направи за жртвеникот садови за собирање на отпадоците: лопатки, грнчиња, вилушки и кадилници. Сите прибори за жртвеникот направи ги од бронза. 4Потоа направи за него решетка од бронза, во облик на мрежичка, а на четирите агли на мрежичката направи четири колца од бронза. 5И стави ја под издаденоста на жртвеникот, така да зафаќа до средината на жртвеникот. 6Потоа направи ластегарка за жртвеникот, ластегарки од багремово дрво, па ги опкови со бронза. 7Нека ластегарките бидат провлечени низ колцата, така што ќе дојдат на двете страни на жртвеникот, кога ќе се носи. 8Направи го шуплив, од даски: како што ти е покажано на гората, така нека е и направен.“
9„Направи му и двор на Шаторот. На јужната страна направи завеси од препреден лен, сто лакти во должина од таа страна. 10Нивните дваесет столбови нека стојат на дваесет подножја од бронза, и нека имаат куки и поврзувачи од сребро. 11Исто така направи завеси за северната страна долги сто лакти. Нивните дваесет столбови и дваесет подножја од бронза, но куките и поврзувачите нека се од сребро. 12На широчината на дворот од западната страна ќе ѝ требаат завеси долги педесет лакти, со десет столбови и десет подножја. 13Широчината на дворот кон источната страна нека биде педесет лакти. 14Натаму, завесите од едната страна на вратата нека се долги петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја. 15А на другата страна завесите нека се пак петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја. 16За влезот во дворот: везана завеса од дваесет лакти, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен; и со своите четири столба и нивните четири подножја. 17Сите столбови околу дворот нека се поврзани со сребро. Куките нека им се од сребро, а подножјата од бронза. 18Дворот нека е во должина сто лакти, а во широчина педесет, а во височина пет лакти. Завесите нека му се од препреден лен, а подножјето од бронза. 19Сите прибори во Шаторот за општа употреба, и сите негови колчиња, а така и колчињата во дворот, нека се од бронза.“
Чисто масло за светилник
20„Натаму, нареди им на Израелците да ти донесуваат за осветление чисто масло од истолчени маслинки, за да гори светилото постојано. 21Арон и неговите синови нека го поставуваат во Шаторот на средбата надвор од завесата што го засолнува Сведоштвото, за да гори пред Господа од вечер до утро. Нека е тоа неотповиклива наредба за израелските поколенија.“

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 27: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се