Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 13

13
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Посветете ми го Мене секој првороденец! Мене ми припаѓаат првенците на мајчината утроба кај Израелците и од луѓето и од животните!“ 3А тогаш Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој сте избавени од Египет, од куќата на ропството, зашто Господ ве избави оттаму со својата силна рака. Стасан леб нека не се јаде! 4На овој ден во месецот Авив е вашето избавување. 5Затоа: кога Господ ќе те воведе во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците, за која се заколна на твоите предци дека ќе ти ја даде - земја каде течат мед и млеко - во овој месец изврши ваков обред: 6шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека се прославува празник во чест на Господа. 7Седум дена нека се јаде бесквасен леб; леб со квас нека нема кај тебе; и нека никаде не се види квас во твоето подрачје. 8На тој ден објасни му на твојот син: ‘Ова е поради тоа што Господ ми стори кога се спасив од Египет.’ 9Нека ти биде како знак на твојата рака и како опомена на твоето чело: за да биде Господовиот закон во твојата уста. Зашто Господ те избави од Египет со силна рака. 10Вршете го овој пропис секоја година во одредено време.“
11„А кога Господ те доведе во земјата на Ханаанците - како што ви се заколна, тебе и на твоите татковци - и кога ќе ти ја предаде, 12отстапувајте Му ги на Господа првороденците на мајчината утроба, а така и сите првородени што ги дава твојот добиток - секое машко Му припаѓа на Господа! 13Секое првородено на ослињата откупи го со јагне или јаре. Ако не го откупиш, свиткај му го вратот. А секој првороденец меѓу своите деца откупи го. 14Кога твојот син ќе те праша утре: ‘Што значи тоа?’ - одговори му: ‘Господ нѐ изведе со силна рака од Египет, од куќата на ропството. 15Бидејќи фараонот стана закоравен па не сакаше да нѐ пушти, Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: првороденците на луѓето и првороденците на добитокот. Ете затоа на Господа му ја жртвувам секоја првина на мајчината утроба, а го откупувам секој првороденец од своите синови.’ 16Нека ти биде тоа како белег на твојата рака и како знак среде челото дека Господ нѐ избави со силна рака од Египет.“
Облачен и огнен столб
17Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.“ 18Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени. 19Мојсеј ги зеде со себеси Јосифовите коски. Зашто Јосиф ги заколна Израелците со зборовите: „Бог бездруго ќе се застапи за вас. Тогаш земете ги со себе оттука!“ 20Тргнувајќи од Сокхот се настанија во Етам, на крајот на пустината. 21Господ одеше пред нив, дење во столб од облак, за да им го покажува патот, а ноќе во столб од оган, за да им свети. Така можеа да патуваат и дење и ноќе. 22И не исчезнуваше од пред народот столбот од облак дење, ни огнениот столб ноќе.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се