Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 11

11
1„Со уште една несреќа ќе ги удрам фараонот и Египет - му рече Господ на Мојсеја. Потоа ќе ве пушти оттука. И повеќе: самиот ќе ве истера оттука. 2Кажи му на народот нека секој човек побара од својот сосед и секоја жена од својата сосетка сребрени и златни скапоцености.“ 3Господ направи па Египетците му беа наклонети на народот. Самиот Мојсеј стана почитуван во Египетската Земја, во очите на фараоновите службеници и во очите на народот. 4А тогаш Мојсеј навести: „Господ порачува вака: ‘Ќе поминам низ Египет на полноќ. 5Секој првороденец во Египетската Земја ќе умре, од фараоновиот првороденец, кој би требало да седи на неговиот престол, до првороденецот на робинката, која се наоѓа покрај мелничкиот камен; а ќе загинат и сите првородени на добитокот. 6Во целата Египетска Земја ќе настане голем писок, каков не бил ниту ќе биде после. 7Меѓу Израелците ни пес не ќе залае ни живо суштество: ни на човек ни на животно. По тоа ќе знаете дека Господ ги дели Израелците од Египетците.’ 8Тогаш сите овие твои дворјани ќе дојдат кај мене, ќе се фрлат пред мене и ќе викаат: излезете и ти и сиот народ, кој оди по тебе! Потоа ќе заминам.“ И гневен си замина од кај фараонот. 9„Фараонот не ќе ве послуша - му рече Господ на Мојсеја - за да се умножат Моите знаци во Египетската Земја.“ 10Мојсеј и Арон ги извршија сите тие чудеса пред фараонот, ама Господ го закорави срцето на фараонот, така што тој не ги пушташе Израелците да заминат од неговата земја.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се