Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 32

32
1„Слушајте, небеса, сега ќе зборувам, чуј ги, земјо, зборовите на мојата уста! 2Мојата наука нека дожди како дожд, мојот збор нека паѓа како роса, како дождец по младо зеленило, како пороен дожд по трева! 3Зашто, ќе го возвишувам Господовото име, а вие, величајте Го нашиот Бог!“ 4„Тој е Стена, делото Му е совршено, зашто се прави сите Негови патишта. Тој е верен Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит. 5Тие се развратија не Му се синови, туку синовски изроди, изопачен и лукав пород. 6Така ли Му враќаш на Господа, глупав и безумен народе! Не е ли Тој твој Татко, усвоител, Кој те создаде, преку Кого постоиш?
7Спомни си за древните денови, разгледај ги годините од век до век. Прашај го татка си, и ќе те поучи, распрашај ги постарите, па ќе ти кажат. 8Кога Сѐвишниот им го делеше наследството на народите, кога ги разместуваше човечките синови, им ги одреди меѓите според бројот на Божјите синови: 9тогаш на Господа Му падна Неговиот народ, Јаков Му беше Негово наследство. 10Тој го најде во степска земја, во морничава пустинска пустина. Го опкружи, го воспитуваше, и го чуваше како зеницата на Своето око. 11Како орелот што бдее над гнездото, треперејќи над своите орлиња, така Тој шири крила, го зема, па го носи на Своите перја. 12Самиот Господ го водеше него, туѓ бог немаше со него. 13Го поведе по височините на земјата, го нахрани со полските плодови, му даде мед од пештера, и масло од цврста стена; 14кравја маст и овчо млеко со мрсно од јагниња, васански овни и јарци, со жито како бубрежно сало, и го напои со пенливата крв на грозјето. 15Јадеше Јаков и се насити, се згои Есурун па почна да удира со нозе. Си се здебелил, си се згоил, се салоса. Го заборави Бога Кој го создаде и ја презре Стената на своето спасение. 16Со туѓите богови Го направија ревнив. Го разјарија со своите гнасотии. 17Им жртвуваа на злите духови што не се Бог, на боговите што не ги познаваа порано, на придојдениците кои стигнаа скоро и од кои нивните татковци не се плашеа. 18Не се грижиш за Стената што те даде на свет, не си спомнуваш веќе за Бога, Кој те роди!“
19„Господ го виде тоа, и во Својот гнев ги отфрли Своите синови и ќерки. 20‘Ќе им го скријам Своето лице - рече - и ќе видам каков ќе биде нивниот крај. Зашто е изопачено тоа колено, синови во кои нема верност. 21Со ништожен бог ме поттикнаа на ревност, Ме раздразнија со своите ништожества, и Јас ќе ги направам нив ревниви, ќе ги огорчам со некој глупав народ! 22Да, пламна пожарот на Мојот гнев, и ќе гори до гробните длабочини; ќе ја проголта земјата и сето она што таа го раѓа, и ќе ѝ ги изгорам планините до основите. 23Сите неволји ќе се навалат на нив, Своите стрели ќе ги истрошам врз нив. 24Ќе умираат од глад, ќе ги трујат треската и лутиот помор. Ќе испратам против нив ѕверски заби и отров на оние што лазат во правот. 25Надвор мечот ќе ги погубува децата, а стравот ќе владее внатре. Ќе гинат еднакво - момче и девојка, доенче и седокос старец. 26Реков: „Ќе ги раселам, ќе им го избришам споменот од помеѓу луѓето.“ 27Но се боев од непријателското потсмевање: би можеле да им се излажат противниците, па да речат: „Победата е наша, тоа не го изврши Господовата рака.“ 28Зашто тоа е народ без знаење, нема остроумност во нив.
29Да се мудри, веќе и би се досетиле, би разбрале што ги чека.
30Како може еден да натера илјада во бегство, и двајца да гонат десет илјади, ако нивната Стена не ги предаде, ако Господ не ги предаде?
31Но нивната стена не е како нашата Стена; нашите непријатели се осудени. 32Зашто нивната лоза е од содомската лоза и од гоморските лозја; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се гроздови на горчина; 33нивното вино е змиски отров, жесток јад и лута отровница.’
34‘Но не е ли тој во мене како скапоценост, запечатен во моето сокровиште? 35Моја е одмаздата и наградата во времето кога ќе им се сопне ногата. Зашто е близу денот на нивната пропаст, нивната судбина им се доближува брзо!’ 36Господ ќе му суди на Својот народ, ќе им се смилува на Своите слуги. Ќе види дека им исчезнува силата, дека им е крај и на робот и на слободниот. 37Тогаш ќе рече: ‘Па каде се нивните богови, каде е стената зад која се засолнуваа? 38Тие што го јадеа салото на нивните закланици и го пиеја виното на нивните налевници? Нека се дигнат и нека ви помогнат, нека ви бидат засолниште! 39Сега гледате дека единствено Јас Сум, и дека нема друг Бог покрај Мене! Јас усмртувам и оживувам; Јас удирам и исцелувам и никој не се избавува од Мојата рака. 40Да, јас ја кревам Својата рака кон небото и велам: „Да не бидам Јас вечно жив 41ако не го земам судот во своите раце, откако ќе го наоштрам Својот блескав меч, за да им се одмаздам на Своите непријатели, за да им платам на оние Кои Ме мразат Мене. 42Своите стрели ќе ги испијанам со крв и Мојот меч ќе се најаде месо, крв од убиени и заробени, глави од непријателските кнезови.“‘
43Воскликнувајте, о небеса, со Него обожувајте Го, Божји синови! Воскликнувајте, племиња, со Неговиот народ, вознесувајте ја Неговата сила, Господови пратеници. Зашто ќе ја одмаздам крвта на Своите слуги, со иста мерка ќе им вратам на непријателите, ќе наплати од оние кои Го мразат Него, ќе ја очисти од грев земјата на Својот народ.“
44Дојде Мојсеј со Исуса, синот Навинов, па ги изговори во ушите на народот зборовите на оваа песна. 45Кога Мојсеј им ги изговори сите овие зборови на сиот Израел, 46им рече: „Во своите срца посадете ги овие зборови, што ги земам денес за сведоци против вас; наредете им на своите синови да ги пазат, вршејќи ги сите зборови на овој Закон. 47Та тоа не е за вас празно слово, зашто тоа е ваш живот. Заради ова слово ќе живеете долго во земјата што ќе ја земете во сопственост, откако ќе поминете преку Јордан.“
Господ го повикува Мојсеја на гората Нево
48Во тој ист ден Господ му рече на Мојсеја: 49„Искачи се на гората Нево, во Аваримската Планина - што е во Моавската Земја спроти Ерихон - па разгледај ја Ханаанската Земја што ќе им ја дадам во сопственост на Израелевите синови 50Потоа умри на гората на која ќе се искачиш и придружи им се на своите предци, како што и твојот брат Арон, кој умре на гората Ор, им беше придружен на своите. 51А тоа е зашто ме изневеривте среде Израелевите синови при Мерива Кадис, при водите во пустината Син: не ја прославивте Мојата светост меѓу Израелевите синови. 52Затоа само оддалеку ќе ја видиш оваа земја, ама нема да влезеш во неа - во земјата што им ја давам на Израелевите синови.“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 32: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се