Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 31

31
Последни Мојсееви беседи
Назначување на Исус Навин
1Мојсеј дојде да му ги упати овие зборови на целиот Израел: 2„Мене ми се денес сто и дваесет години - им рече - не можам веќе да влегувам и да излегувам. А Господ ми рече: ‘Не ќе поминеш преку овој Јордан!’ 3Самиот Господ, твојот Бог, ќе премине пред тебе; Тој ќе ги порази пред тебе оние народи, за да ги истерате од земјата. Исус ќе врви пред тебе, како што рече Господ. 4Господ ќе постапи со нив како што постапи со Сион и Ог, аморејски цареви, и со нивната земја кога ги уништи. 5Господ ќе ги положи пред вас, а вие ќе постапувате со нив според сите наредби, што ви ги дадов. 6Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.“
7Тогаш Мојсеј го повика Исуса па му рече пред сиот Израел: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе одиш со овој народ во земјата за која Господ им се заколна на нивните татковци, дека ќе им ја даде; ти ќе им ја разделиш во наследство. 8Самиот Господ врви пред тебе; Тој ќе биде со тебе; не ќе те испушти ниту ќе те остави. Не бој се и не трепери!“
9Мојсеј го напиша овој Закон и им го предаде на свештениците, Левиевите синови, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, и на сите Израелски старешини. 10Мојсеј им нареди: „Во секоја седма година - година прошка - на Празникот на шаторите, 11кога сиот Израел ќе дојде да го види лицето на Господа, твојот Бог, на местото што Тој ќе го избере, прочитај го овој Закон во присуство на целиот Израел. 12Собери го народот - луѓето, жените, децата и придојденикот кој ќе биде во твоите градови - за да чујат и за да се бојат од Господа, вашиот Бог, па да ги пазат и да ги вршат сите зборови на овој Закон. 13Нивните синови, кои уште не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се бојат од Господа, вашиот Бог, за сето време додека ќе живеете во земјата што ќе ја земете во сопственост, откако ќе поминете преку Јордан.“
Господ им се јавува на Мојсеј и Исус Навин
14Господ му рече на Мојсеја: „Еве наближува времето на твојата смрт. Викни го Исуса, и најдете се во Шаторот на средбата, за да му дадам заповеди.“ Мојсеј и Исус дојдоа во Шаторот на средбата. 15Господ се покажа во столб од облак во Шаторот. Облачниот столб стоеше на влезот во Шаторот. 16Господ му рече на Мојсеја: „Еве наскоро ќе починеш со своите татковци. А овој народ ќе стане да прави блуд, одејќи по туѓи богови на оваа земја во која ќе влезе скоро; ќе Ме напушти Мене и ќе го прекрши Мојот Завет што го склучив со нив. 17И тогаш Мојот гнев ќе се излее на него. Тогаш ќе ги оставам и ќе го скријам Своето лице од нив, за да бидат голтани. Ќе ги снајдат многу зла и неволји, и тогаш ќе речат: ‘Зар не ме наоѓаат овие неволји заради тоа што мојот Бог не е во мојата средина?’ 18А Јас ќе го скријам сосем Своето лице во тој ден заради сето зло што ќе го прават, завртувајќи се кон други богови. 19Напишете си ја сега оваа песна. Израелците нека ја научат! Стави ја во нивната уста, за да ми биде оваа песна сведок против Израелевите синови. 20Кога ќе ги доведам во земјата во која течат мед и млеко, и за која им се заколнав на нивните татковци, и кога ќе се најадат, кога ќе се наситат, кога ќе се згојат, тие ќе се завртат кон други богови, и ним ќе им служат, Мене ќе Ме презрат и ќе го прекршат Мојот Завет. 21А кога ќе ги најдат многу несреќи и неволји - оваа песна - зашто нивното потомство никогаш нема да ја заборави, ќе даде сведоштво против нив. Зашто Јас ги знам нивните мисли, и што смислуваат веќе денес, пред да ги воведам во земјата, што им ја ветив со Заклетва.“ 22Во тој ден Мојсеј ја напиша оваа песна, и ги научи Израелците на песната.
23Му наложи на Навиновиот син Исус: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе ги воведеш Израелевите синови во земјата за која им се заколнав. И Јас ќе бидам со тебе.“
Мојсееви повелби за левити
24Кога Мојсеј ги напиша зборовите на овој Закон во книжен свиток, 25тогаш им нареди на левитите, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет: 26„Земете го книжниот свиток на овој Закон и положете го во Ковчегот на Господовиот Завет. Таму нека биде сведок против тебе! 27Та јас ги знам твојата бунтовност и твојот корав врат. Еве и денес, додека уште живеам со вас, се буните против Господа. А како не ќе се буните кога ќе умрам! 28Соберете ги при мене сите старешини на своите племиња и своите надгледувачи, за да ги речам овие зборови во нивните уши па да ги земам за сведоци против нив небото и земјата. 29Зашто знам дека по мојата смрт ќе се изопачите и ќе се отклоните од патот, што ви го одредив; несреќа ќе ве најде во идните времиња, коѓа ќе правите што Му е немило на Господа, и кога ќе Го разгневувате со делата на своите раце.“
30А тогаш, на ушите на целата израелска заедница, Мојсеј ги изговори до крај зборовите на оваа песна:

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 31: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се