Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 33

33
Мојсеев благослов
1Ова е благослов со кој Мојсеј - Божјиот човек - ги благослови Израелевите синови пред својата смрт. 2Тој рече: „Господ дојде од Синај, се покажа на Сир и заблеска од гората Фаран. Заради нив дојде со десетици илјади свети, десно од Него е огнот на Законот. 3Сепак Ти ги љубиш народите, сите нивни свети се во Твојата рака. Припаднаа пред Твоите нозе, одеа предводени од Тебе. 4Мојсеј ни го одреди Законот. Јакововиот собор му стана Негово наследство; 5и беше цар во Есурун кога се собраа народните главатари, кога се соединија Јакововите племиња.
6Нека живее Рувим и никогаш нека не изумре, нека не биде малуброен!“
7Еве што рече за Јуда: „Послушај го, Господи, Јудиниот глас и приведи го кон неговиот народ. Неговите раце нека го бранат правото, помогни му против неговите непријатели.“
8За Левиј рече: „Дај му ги на Левиј Твоите Урими и Твоите Тумими на човекот на милоста Своја, кого го испита во Маса, со кого се препираше при Меривските Води.
9За својот татко и за мајката тој рече: ‘Не ги видов!’ Не ги познава своите браќа, ниту се обрнува на своите деца, зашто тој го исполнуваше и го пазеше Твојот Завет. 10Тој го учи Јакова на Твоите одредби и Израел на Твојот Закон.
Тој става темјан пред Тебе и Ти положува паленица на жртвеникот. 11О Господи, благослови му ја силата, прими го милостиво делото на неговите раце. Скрши ги бедрата на неговите непријатели; неговите мразачи веќе нека не станат.“
12За Венијамин рече: „Тој е Господов љубимец и секогаш почива во мир. Сѐвишниот го штити во сите негови денови, живее меѓу Неговите рамена.“
13За Јосифа рече: „Господ му ја благослови земјата; неговото е најдобро од она што го дава небеската роса и што се крие долу во бездните! 14Најдоброто од она што го дава сонцето и што носи младата месечина, 15првините од древните планини и најдоброто од вечните брегови, 16најдобриот род на земјата и сѐ што е на неа, и милоста на Оној, Кој се јави во капината. Сѐ тоа нека дојде на Јосифовата глава, на темето посветено меѓу сите браќа! 17Тој е величествен како првенецот на јунецот, роговите му се биволски рогови, со нив тој ги боде народите сѐ до земните краишта. Такви се мноштвата на Ефрем, такви се илјадниците на Манасиј.“
18За Завулон рече: „Среќен да си, Завулоне, во походите, и ти, Исахаре, во своите шатори! 19На гората каде доаѓаат повиканите народи, тие принесуваат законска жртва, зашто копнеат за богатството на морето и за сокровиштата скриени во песокот.“
20За Гад рече: „Нека биде благословен кој ќе го рашири Гад!
Тој почива како лавица, откако ја раскина мишката и главата. 21Тогаш си ги додели првините за себе зашто забележа дека му е запазен главатарскиот дел. Тој дојде на челото на својот народ ја изврши Господовата правда и Неговите одлуки со Израел.“
22За Дан рече: „Дан е лавче што скока од Васан.“
23За Нефталим рече: „Нефталим, заситен со милости, исполнет со Господовиот благослов: морето и југот се негова сопственост.“
24За Асир рече: „Благословен да е Асир меѓу синовите! Нека биде воздигнат меѓу своите браќа, и нека ги натопува своите нозе во масло! 25Нека ти бидат обувките од железо и бронза, и мирот нека ти трае колку и животот!“
26„Никој не е како Есуруновиот Бог: Кој се пронесува на помош по небесата и по облаците во Своето величество! 27Вечниот Бог е твое засолниште, и под тебе се вечните мишки, ги гони непријателите пред тебе; Тој извикнува: ‘уништи!’ 28Израел живее во безопасност, а Јаковиот извор во земјата на житото и виното, каде небесата дождат со роса. 29Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 33: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се