Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ВТОРОЗАКОНИЕ 25

25
1„Кога ќе стане караница меѓу луѓето, и дојдат на суд за да им се суди, нека му се даде правото на оној кој е прав, а виновникот нека биде осуден. 2Ако кривецот заслужува да биде бичуван, судијата нека му нареди да легне, и тука пред него нека му избројат онолку удари колку му следуваат според неговата вина. 3Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари. 4Не заврзувај му ја устата на волот кога врши. 5Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека ѝ пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност. 6А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел. 7Ако, меѓутоа, човекот не сака да се ожени со својата снаа, тогаш неговата снаа нека дојде при вратата пред старешините и рече: ‘Мојот девер не сака да го запази името на својот брат во Израел; не сака да ми ја исполни деверската должност.’ 8Старешините на неговиот град нека го повикаат и нека го прашаат. Ако биде упорен и рече: ‘Не сакам да се женам со неа,’ 9неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’ 10Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.“
11Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член, 12отсечи ѝ ја раката, и нека не ја сожалува твоето око.
13Не носи двоен тег во торбата, поголем и помал. 14Во својата куќа пак не држи двојна ефа: поголема и помала. 15Тегот нека ти е потполн и точен, и ефата нека ти е потполна и точна, за да живееш долго во земјата која ти ја дава Господ, твојот Бог. 16Па на Господа на твојот Бог, му е одвратен оној кој го прави тоа, кој прави неправда.
17Спомни си за она што ти направи Амалик додека бевте на пат, откако излеговте од Египет; 18како те пречека на патот и ги истепа во твојата заднина сите немоќни, кога беше уморен и исцрпен, зашто не се боеше од Бога. 19И затоа, кога Господ, твојот Бог, те смири од сите твои непријатели наоколу во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, избриши го под небото споменот на Амалика. Не заборавај!“

Селектирано:

ВТОРОЗАКОНИЕ 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се