Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 4

4
7. Убивање на Исвостеј
1Кога Сауловиот син Исвостеј чу дека Авенир загина во Хеврон, рацете му се истоштија, и сиот Израел се вознемири. 2А Сауловиот син Исвостеј имаше двајца водачи на своите чети: еден се викаше Вана, а вториот Рихав; му беа синови на Римон Вироќанецот од Венијаминовото племе, зашто Римон се вбројуваше кон Венијамина. 3А Вироќанците беа пребегале во Гитаим, каде што останаа како придојденци до денешниот ден.
4Сауловиот син Јонатан имаше син хром на двете нозе. Нему му беа пет години кога од Езраел дојде глас за Сауловото и Јонатановото загинување. Неговата гледачка го дигнала и избега, но заради брзината на бегството детето падна и остана хромо. Името му беше Мефивостеј. 5Синовите на Вироќанецот Римон, Рихав и Вана, се кренаа и дојдоа во време на најголемата дневна горештина до куќата на Исвостеј, а тој токму ја спиеше пладневната починка. 6(А вратарката, чистејќи пченица, беше задремала та спиеше.) И влегоа таму до средината на куќата како дека ќе земат жито, го удрија во желудникот и избегаа зашто 7кога влегоа во куќата, тој лежеше на постелата во својата спална. Тие го убија, му ја отсекоа главата и ја зедоа и цела таа ноќ одеа по патот низ Араба. 8Исвостеевата глава му ја донесоа на Давида во Хеврон и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Исвостеј, Сауловиот син, твојот непријател кој ти работеше спроти главата. Господ денес го одмазди крваво мојот господар и цар врз Саула и врз неговиот род.“ 9Но Давид им одговори на Рихав и на неговиот брат Вана, на синовите на Римон од Вирот, и им рече: „Така ми живиот Господ, Кој ме избави од секоја неволја! 10Оној кој ми јави дека загина Саул, мислеше дека ми јавува радосна вест, а јас го фатив и го погубив во Сиклаг, за да му платам за неговата добра вест! 11Што ли ќе направам допрва со злосторниците кои што убија чесен човек во неговата куќа, на неговата постела! Зар да не барам од вас сметка за неговата крв и зар да не ве истребам од земјата?“ 12Тогаш Давид им заповеда на војниците, та ги погубија. Потоа им ги отсекоа рацете и нозете и ги обесија кај езерото во Хеврон. Ја зедоа Исвостеевата глава и ја погребаа во Авенировиот гроб во Хеврон.

Селектирано:

2 САМОИЛ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се