2 ЛЕТОПИСИ 4
4
б. Садови и посатки на Храмот
1Направи бронзен жртвеник долг дваесет лакти, широк дваесет и висок десет. 2Тогаш излеа море што од работ до работ мереше десет лакти; беше кружно наоколу, високо пет лакти, а во опфат, мерено со врвца, имаше триесет лакти. 3Под него беа воловски ликови што го опашуваа наоколу. Беа по десет на еден лакт, та го опкружуваа морето наоколу; два реда од тие волови беа излеани со морето. 4Морето стоеше на дванаесет волови; три гледаа на север, три на запад, три на југ, три на исток; морето стоеше на нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре. 5Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими три илјади вати. 6Направи десет мијалници и ги постави пет оддесно, пет одлево за да се мие во нив; во нив го миеја тоа што требаше за палениците; морето им беше наменето на свештениците за да се мијат во него.
7Направи десет златни светилници според прописот и ги стави во Храмот, пет оддесно, пет одлево. 8Тогаш направи десет столови и ги постави во Храмот, пет оддесно, а пет одлево. Направи сто златни котлиња. 9Тогаш направи свештенички трем, голем двор со врати што ги покри со бронза. 10Го стави морето од десната страна кон југоисток.
11Хирам направи грнчиња, лопати и котлиња. Ја приврши сета работа што му ја правеше на царот Соломон за Божјиот Дом: 12два столба; две главчиња што беа на врвот на столбовите; две мрежи за да ги покријат двете главчиња што беа на врвот на столбовите; 13четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете главчиња на врвот на столбовите; 14десет подножја и десет мијалници на подножјата; 15едно море и дванаесет волови под него; 16грнчиња, лопати, вилушки и сиот прибор за нив му ги направи од бронза Хирам Авив на царот Соломон за Господовиот Дом. 17Царот нареди да ги излеат во Јорданската Рамница, кај глинената земја, меѓу Сокхот и Саридат. 18Соломон направи толку многу од тие предмети да не можеше да се измери тежината на бронзата.
19Тогаш ги направи сите предмети наменети за Божјиот Дом: златниот жртвеник и столбовите на кои беа принесените лебови, 20златните светилници со светилките од чисто злато што требаа, според прописот, да се палат пред Најсветото место; 21цветовите, светилките и ножиците од злато; тоа беше чисто злато; 22ножиците, котлињата, машичките и кадилниците од чисто злато; влезот во Домот, внатрешната врата на Светината над светините, и вратата на Храмот во Светилиштето, беа златни.
Селектирано:
2 ЛЕТОПИСИ 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.