2 ЛЕТОПИСИ 3
3
2. Опис на Храмот
а. Местоположба, размери и градежни потреби
1Тогаш Соломон почна да Му гради Дом на Господа во Ерусалим, на Моривската Гора, таму каде што неговиот татко Давид имаше предвид. Тоа е местото што го подготви Давид, гумното на Евусеецот Орнан. 2Соломон го почна градењето во вториот ден на вториот месец на четвртата година од своето владеење. 3Ова се основите што Соломон ги постави за градењето на Божјиот Дом: шеесет лакти во должина - по старата мерка на лактот - а во широчина дваесет лакти. 4Тремот, што беше пред Домот, имаше, по широчината на овој последниот, а во должина дваесет лакти, а висок беше сто и дваесет лакти. Го обложи внатре со чисто злато. 5Големата дворница ја обложи со кедри, што ги покри со чисто злато и изработи врз нив палми и цветни венци. 6Потоа ја украси дворницата со блескави бесцени камења; златото беше парваимско злато. 7Со него ја покри дворницата: гредите, праговите и крилата на вратите та изваја херувими по ѕидовите.
8Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја обложи со шест стотини таланти чисто злато. 9За клинците даде на мерка педесет златни сикли. И горните соби ги обложи со злато.
10Во дворницата на Светината над светините направи два херувими, леано дело. И нив ги обложи со злато. 11Крилата на херувимите беа долги дваесет лакти: едното крило од пет лакти го допираше храмскиот ѕид, а второто од пет лакти го допираше крилото на другиот херувим. 12Така и крилото на вториот херувим, од пет лакти, го допираше ѕидот на Домот. Другото крило, од пет лакти, се спојуваше со крилото на другиот херувим. 13Раширените крила на херувимите имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја простум, со лицата свртени кон Домот. 14Направи завеса од љубичеста свилена ткаенина, од црвено сукно, од отворено-црвено сукно и од лесно платно, та врз нив извезе херувими.
15Пред Домот направи два столба долги триесет и пет лакти, а нивните главчиња на врвот по пет лакти. 16Во Девира тој сплете венци та ги постави на врвот на столбовите и направи сто калинки кои ги постави меѓу венците. 17Ги постави столбовите пред Храмот, едниот оддесно, другиот одлево, та го нарече Јахин оној оддесно, а Воас оној одлево.
Селектирано:
2 ЛЕТОПИСИ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.