1 ЛЕТОПИСИ 6
6
З. Левиево потомство
1Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј. 2Каатови синови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил. 3Амрамови чеда: Арон, Мојсеј и Мирјама. Аронови синови: Надав и Авијуд, Елеазар и Итамар. 4На Елеазар му се роди Финес, на Финес му се роди Ависуј; 5на Ависуј му се роди Вукиј, на Вукиј му се роди Озиј, 6на Озиј му се роди Зерај, а на Зерај му се роди Марајот. 7На Марајота му се роди Амариј, на Амарија му се роди Ахитов; 8на Ахитова му се роди Садок; на Садока му се роди Ахимас; 9на Ахимаса му се роди Азариј, на Азарија му се роди Јоанан; 10На Јоанана му се роди Азариј, кој беше свештеник во Храмот што го изгради Соломон во Ерусалим. 11На Азарија му се роди Амариј; на Амарија му се роди Ахитов; 12а на Ахитова му се роди Садок, на Садока му се роди Салум; 13на Салума му се роди Хелкиј, на Хелкија му се роди Азариј; 14на Азарија му се роди Јоседек. 15Јоседек отиде кога Господ ги одведе на заточение Јуда и Ерусалим преку Навуходоносоровата рака. 16Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј. 17Еве ги имињата на Гирсоновите синови: Ловениј и Симеј. 18Каатови синови беа: Амрам, Исар, Еврон и Озил. 19Мерариеви синови: Молиј и Мусиј. Ова се родовите на Левиевците според своите татковци. 20Од Гирсон: син му Левениј, неговиот син Јат, негов син Зима, 21негов син Јоах, негов син Идо, негов син Зера, негов син Етрај. 22Катови синови: син му Аминадав, неговиот син Кореј, негов син Асир, 23негов син Елкана, негов син Евијасаф, 24негов син Тахат, негов син Урил, негов син Озиј, негов син Саул. 25Елканини синови: Амасај и Ахимот; 26негов син Елкана, негов син Суфиј, негов син Махат; 27негов син Елијав, негов син Јероам, негов син Елкана. Елканини синови: 28Самоил, негов првенец, вториот Авиј. 29Мерариеви синови: Молиј, неговиот син Симеј, негов син Уза, 30негов син Симај, негов син Агиј, негов син Асаја. 31Ова се оние кои ги постави Давид за да се грижат за пеење во Господовиот Дом кога Ковчегот го најде таму своето почивалиште; 32оние кои служеа пред Престојувалиштето пред Шаторот на средбата, пеејќи, додека Соломон не го изгради Господовиот Дом во Ерусалим, и кои ја вршеа службата според пропишан редослед. 33Еве ги оние кои ја вршеа службата и нивните синови: од Каатовите синови: пејачот Еман, синот на Јоел, син на Самоил, 34син на Елкана, син на Јероам, син на Елил, син на Тоја, 35син на Суфа, син на Елкана, син на Мат, син на Амасај, 36син на Елкана, син на Јоил, син на Азариј, син на Софониј, 37син на Тахат, син на Асир, син на Авијасаф, син на Кореј, 38син на Исар, син на Каат, син на Левиј, синот Израелев. 39Брат му Асаф стоеше од десната страна; Асаф му беше син на Варахиј, синот на Симеј, 40син на Михаил, син на Васиј, син на Малхиј, 41син на Етниј, син на Зера, син на Адај, 42син на Етан, син на Зима, син на Симеј, 43син на Јат, син на Гирсон, синот Левиев. 44Мерариевите синови, нивните браќа, му стоеја од левата страна: Етан, синот на Кисиј, син на Авдиј, син на Малух, 45син на Асавиј, син на Амасиј, син на Хелкиј; 46син на Амасиј, син на Ваниј, син на Самир, 47син на Молиј, син на Мусиј, син на Мерариј, синот Левиев. 48Нивните браќа левити беа поставени за секаква служба во Шаторот на Божјиот Дом.
49Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и вршејќи го обредот за очистување од сѐ над Израел, според сѐ што заповеда Божјиот слуга Мојсеј. 50Ова се Ароновите синови: син му Елеазар, неговиот син Финес, негов син Ависуј, 51негов син Вукиј, негов син Озиј, негов син Зерај, 52негов син Мерајот, негов син Амариј, негов син Ахитов, 53негов син Садок, негов син Ахимас.
54Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство - зашто ним им падна жрепката - 55им го дадоа Хеврон во Јудејската Земја со пасиштата околу него. 56Градското Поле и неговите села му ги дадоа на Ефрониевиот син Халев. 57И така, им ги дадоа на Ароновите синови градовите - прибежишта Хеврон и Ливна со пасиштата, Јатир и Естемој со пасиштата, 58Илон со пасиштата, Девир со пасиштата, 59Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата. 60Од Венијаминовото племе: Гаваја со пасиштата, Алемат со пасиштата и Анатот со пасиштата; и така тринаесет градови според нивните родови.
61На другите Каатови синови според племенските родови им паднаа со жрепка десет градови од половината Манасиево племе. 62На Гирсоновите синови според нивните родови им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото племе, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од Манасиевото племе во Васан. 63На Мерариевите синови според нивните родови им припаднаа со жрепка дванаесет градови од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе. 64Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со пасиштата. 65Ги дадоа со жрепка, од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови, тие градови кои се спомнати по име.
66На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња, 67им ги дадоа како градови - прибежишта Сихем со пасиштата во Ефремовата Гора и Гезер со пасиштата, 68Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата, 69Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата. 70Од половината Манасиево племе им ги дадоа на родовите на другите Каатови синови: Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.
71На Гирсоновите синови синови им ги дадоа од родовите на половината Манасиево племе Голан во Васан со пасиштата и Астарот со пасиштата. 72Од Исахаровото племе Кедес со пасиштата, Даврат со пасиштата, 73Рамот со пасиштата и Аним со пасиштата. 74Од Асировото племе Масал со пасиштата, Авдон со пасиштата, 75Хукок со пасиштата и Реов со пасиштата. 76Од Нефталимовото племе Кедес во Галилеја со пасиштата, Амон со пасиштата и Киријатаим со пасиштата. 77На другите Мерариеви синови им ги дадоа од Завулоновото племе Римон со пасиштата и Тавор со пасиштата. 78Од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на источната страна на Јордан, им ги дадоа од Рувимовото племе Восор во пустината со пасиштата, Јасу со пасиштата, 79Кедимот со пасиштата и Мифат со пасиштата. 80Од Гадовото племе Рамот во Галад со пасиштата, Маханаим со пасиштата, 81Есевон со пасиштата и Јазир со пасиштата.
Селектирано:
1 ЛЕТОПИСИ 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.