Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 5

5
Ѓ. Рувимово потомство
1Синови на Израелевиот првенец Рувим. Тој навистина беше првенец, ама кога ја онечисти татковата постела, неговото право за првенство им беше дадено на синовите на Израелевиот син Јосиф, но не им беше запишано во родословието, 2зашто Јуда надвладеа меѓу браќата, а од него се роди кнез. Сепак правото на првенство му припадна на Јосифа. 3Синови на Израелевиот првенец Рувим беа: Анох, Фалуј, Есрон и Хармиј. 4Јоилови синови: неговиот син Семај, негов син Гог, негов син Симеј, 5негов син Миха, негов син Реај, негов син Вал, 6негов син Веир, кого го одведе во ропство асирискиот цар Телгат-Фелнасар; тој беше поглавар на Рувимовото племе. 7На неговите браќа, по семејства, кога се запишаа во племенското родословие по поколенија, главатар им беше Еил, Захариј, 8Вела, синот Азазов, син Семин, син Јоилов. Тој живееше во Ароир и до Нева и до Вал Меон. 9Кон исток неговата земја се простираше до влезот во пустината од реката Еуфрат, зашто добитокот му се намножи во Галадската Земја. 10Во Сауловото време војуваа со Агарјанците, кои загинаа од нивната рака; така се населија во нивните шатори по сето источно подрачје од Галад.
Е. Гадово потомство
11Гадовите синови живееја близу до нив во Васанската Земја до Салха. 12Јоел беше главатар, а втор Сафан, па Јанај и Сафат во Васан. 13Нивни браќа по своите родови им беа: Михаил, Месулам, Сева, Јорај, Јахан, Зиј и Евер, седуммина. 14Тоа беа синови на Авихаил, синот Уриев, син на Јарој, син на Галад, син на Михаил, син на Јесисај, син на Јадон, син на Вуз. 15Ахиј, синот на Авдил, синот Гуниев, беше главатар на нивниот род. 16Живееја во Галад и во нивните селца, та по сите саронски пасишта до нивните краишта. 17Сите беа запишани во племенскиот родословник за време на јудејскиот цар Јотам и за време на израелскиот цар Јеровоам. 18Рувимови и Гадови синови, и половина на Манасиевото племе, храбри јунаци кои носеа штит и меч, та оптегнуваа лак и беа вешти во бој, беа четириесет илјади и седум стотини и шеесет војници. 19Војуваа против Агарјанците, Етурејците, Нафисејците и Нодавејците. 20Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници. 21Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе. 22Мнозина паднаа загинати, зашто тој бој беше од Бога; тогаш се населија на нивното место до преселувањето.
Ж. Потомство на Манасиевото полуплеме
23Синовите од половината Манасиево племе се населија во таа земја од Васан до Вал-Ермон и до Сенир и до Ермонската Гора и се беа намножиле. 24Овие беа главатари на нивните родови: Ефер, Јесеј, Ели, Азрил, Еремиј, Одавиј и Јадил, храбри јунаци и угледни мажи: главатари во своите родови. 25Но кога Му изневерија на Бога на своите татковци и ѝ се предадоа на прељубата со боговите на народите на онаа земја, кои Бог ги откорна пред нив, 26Израелевиот Бог ги разбуди непријателството на асирискиот цар Фула и непријателството на асирискиот цар Телгат-Фелнасар. Тие ги одведоа во ропство Рувимовото и Гадовото племе и половина од Манасиевото племе. Ги доведоа во Ала, во Авор и покрај Гозанската Река до денешниот ден.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се