Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 9

9
ГЛАВА 9
1И им рече: – Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо, коешто дошло во сила.
Крај на неделата
(Зачало 38)
2А по шест дни,#На Преображение, на утрената: Во она време, Исус ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована и ги одведе сами на висока планина, насамо, и се преобрази пред нив.
3Алиштата Му станаа светли, многу бели, како снег, какви што белилка на земјата не може да избели.
4И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса.
5Тогаш проговори Петар и Му рече на Исуса: – Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три сеници; една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.
6Бидејќи не знаеше што да каже, оти беа многу уплашени.
7И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: – Овој е Мојот возљубен Син. Него послушајте Го!
8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа со себе, но, само Исуса.
9А кога слегуваа од планината, Он им заповеда, никому да не кажуваат што видоа, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.
Крај на Преображение
(Зачало 39)
10И го задржаа тој збор во себе#Четврток од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, учениците го задржаа во себе зборот Исусов и се прашуваа: – Што значи тоа: да воскресне од мртвите?
11И Го прашаа, велејќи: – А зошто книжниците велат, дека најнапред треба да дојде Илија?
12А Он, пак, им одговори и рече: – Илија ќе дојде понапред и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понижен.
13Но, ви велам дека и Илија дојде, како што е напишано за него, и му направија што сакаа.
14И кога дојде при учениците Свои, виде многу народ околу нив и книжници, кои се препираа со нив.
15И штом Го виде, сиот народ се исплаши; а кога се приближија, Го поздравуваа.
16Ги праша книжниците: – Зошто се препирате со нив?
Крај на четвртокот
(Зачало 40)
17И кога одговори еден од народот, рече:#Недела четврта од Вел. пост: Во она време, еден човек пристапи кон Исуса и, клањајќи Му се, рече: – Учителе, го доведов при Тебе син ми, во кого има нем дух;
18и секогаш, каде и да го фати, го крши, и тој се запенува, и крцка со заби, и се здрвува. Им реков на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.
19Исус му одговори и рече: – О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!
20И го доведоа кај Него. Штом Го виде, духот веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.
21Исус го праша татка му: – Колку време има откако станува тоа со него? Тој одговори: – Од детство;
22и духот многупати го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смили се над нас и помогни ни!
23А Исус му рече: – Ако можеш да поверуваш, сѐ е можно за оној што верува.
24И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи говореше: – Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!
25А Исус, штом виде дека се собра народ, му заповеда на нечистиот дух и му рече: – Духу нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!
26И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.
27Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана.
28И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: – Зошто ние не можевме да го истераме?
29Им одговори: – Тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.
30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Он не сакаше некој да разбере.
31Оти ги учеше учениците Свои и им велеше, дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето, ќе воскресне.
Крај на неделата
32Но, тие не ги разбраа овие зборови и се плашеа да Го прашаат.
(Зачало 41)
33И дојде#Петок од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус со Своите ученици (Ова и на св. Игнатиј Богоносец). во Капернаум; икога беше дома, ги праша: – Што размислувавте меѓу себе по пат?
34Тие молчеа, зашто патем се препираа помеѓу себе, кој е поголем.
35Па, како седна, ги повика дванаесетте и им рече: – Кој сака да биде прв, нека биде најпоследен од сите, и на сите – слуга.
36И кога зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:
37– Кој ќе прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Којшто Ме испратил.
38Тогаш Јован Му одговори и рече: – Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгонуваше бесови, а не врви по нас; и му забранивме, оти не оди по нас.
39А Исус рече: – Не бранете му, зашто никој, што ќе изврши чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.
40Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.
41И кој ве напои со чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.
Крај на петокот и на светителот
(Зачало 42)
42Акој#Понеделник од 31 седмица по Педесетница: Рече Господ: Кој ќе соблазни едно од овие маливе, коишто веруваат во Мене, за него е подобро да му обесат воденичен камен на вратот и да го фрлат во морето.
43И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган;
44каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.
45И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во геената, во неизгасливиот оган,
46каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.
47И, ако окото твое те соблазнува, извади го; поарно е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во геената огнена,
48каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.
49Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли.
50Солта е добра; но, ако солта биде несолена, со што ќе се осоли? Затоа имајте сол во себе, и мир имајте помеѓу себе.

Селектирано:

Марко 9: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се