Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10

10
ГЛАВА 10
1Па кога стана Исус оттаму, премина во пределите јудејски, оданде Јордан. И пак приоѓаше народ кон Него; а Он, според Својот обичај, ги поучуваше.
Крај на понеделникот
(Зачало 43)
2И пристапија фарисеите и Го прашаа,#Вторник од 31-та седмица по Педесетница: Во она време, пристапија фарисеите кон Исуса и Го прашаа, искушувајќи Го: – Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?
3А Он им одговори и рече: – Како ви заповеда Мојсеј?
4Тие рекоа: – Мојсеј дозволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.
5Одговори Исус и им рече: – Заради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед.
6Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена.
7Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си,
8и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие веќе не се двајца, а едно тело.
9А Бог што соединил, човек да не разделува.
10И во домот, учениците Негови повторно Го прашаа за тоа.
11И им рече:
(Зачало 44)
Кој ќе#Среда од 31-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Кој ќе ја напушти својата жена и ќе се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа;
12а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.
Крај на вторникот.
Призив на Св. Дух
13И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа.
14Кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: – Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на таквите е царството Божјо.
15Вистина ви велам: кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.
16И кога ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Крај на средата
(Зачало 45)
17И кога излегуваше#Четврток од 31-та седмица по Педесетница: Во она време, кога излегуваше Исус на пат, притрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: – Благ Учителе, што треба да направам, за да наследам живот вечен?
18А Исус му рече: – Зошто Ме нарекуваш благ? Никој не е благ, освен Единиот Бог.
19Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај го татка си и мајка си.
20А тој Му одговори и рече: – Учителе, сето тоа сум го запазил од младоста моја.
21Кога го погледна Исус, му омиле, па му рече: – Едно не ти достига: оди и продај сѐ што имаш, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; дојди и врви по Мене, откако ќе го земеш крстот.
22Тој, пак, кога се смути од тие зборови, си отиде нажален, бидејќи имаше големо богатство.
23И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои:#Петок од 31-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици:
(Зачало 46)
Колку е тешко да влезат во царството Божјо оние што имаат богатство.
24А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но, Исус повторно им одговори и рече: – Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!
25Полесно е камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.
26А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: – Тогаш, кој може да се спаси?
27Кога ги погледа Исус, им рече: – За луѓето тоа е невозможно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно.
Крај на четвртокот
28И, Петар почна да Му говори: – Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одевме.
29А Исус им одговори и рече: – Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието,
30а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќа, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нива, а во идниот век – и живот вечен.
31И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.
32Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени; па, врвејќи по Него, се плашеа.
Крај на петокот
(Зачало 47)
И кога ги повика#Недела петта од Вел. пост: Во она време, кога ги повика Исус повторно дванаесетте, почна да им зборува што ќе се случи со Него:
33– Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на незнабошците.
34И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.
35Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: – Учителе, сакаме да ни направиш она што ќе го побараме.
36Он ги праша: – Што сакате да ви направам?
37А тие Му одговорија: – Дај ни да седнеме при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.
38Но Он им рече: – Не знаете што сакате! Можете ли да ја пиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштението, со коешто се крштевам Јас?
39Тие Му одговорија: – Можеме! А Исус им рече: – Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете, и со крштението, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите;
40но, да дозволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за коишто е подготвено.
41Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јакова и Јована.
42А Исус, кога ги повика, им рече: – Знаете дека оние што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив.
43Но меѓу вас нема да биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
44и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите.
45Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.
Крај на неделата
(Зачало 48)
46Потоа, пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус#Понеделник од 17-та и 32-та седмица по Педесетница: Во она време, кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.
47Па, откако чу оти е тоа Исус Назареецот, почна да вика и да вели: – Исусе, сине Давидов, помилуј ме!
48И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: – Сине Давидов, помилуј ме!
49Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: – Не бој се, стани, те вика!
50Тој, кога ја фрли наметката своја, стана и дојде при Исуса.
51А Исус, одговарајќи му, го праша: – Што сакаш да ти направам? Слепиот Му рече: – Да прогледам, Учителе!
52Исус му рече: – Оди си, верата твоја те спаси! И тој веднаш прогледа, па тргна патем, по Исуса.
Крај на понеделникот

Селектирано:

Марко 10: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се