Марко 8
8
ГЛАВА 8
(Зачало 32)
1Во тие дни,#Петок од 16-та седмица по Педесетница: Во она време, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:
2– Жал Ми е за народот, оти три дни веќе стојат при Мене и нема што да јадат.
3Ако ги распуштам гладни по куќите нивни, ќе премалеат по пат, зашто некои дошле оддалеку.
4Учениците Му одговорија: – Од каде може човек сите овие да ги насити со леб, овде во пустинава?
5И ги праша: – Колку лебови имате? А тие одговорија: – Седум.
6Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и ги даваше на учениците Свои да ги раздадат; и тие ги ставија пред народот.
7Имаа и малку риби; откако ги благослови, заповеда да им ги разделат и нив.
8И јадоа, и се наситија; и кренаа седум кошници останати парчиња.
9А оние што јадеа, беа околу четири илјади. – И ги распушти.
10И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите далманутски.
Крај на петокот
(Зачало 33)
11И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него и,#Понеделник од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Исуса, и искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.
12А Он воздивна длабоко и рече: – Зошто овој род бара знак? Вистина ви велам: нема да му се даде знак на овој род.
13И кога ги остави, повторно влезе во коработ и премина на другата страна.
14Учениците, пак, Негови, беа заборавиле да земат леб, и во коработ немаа со себе повеќе од еден леб.
15А Он им заповеда и рече: – Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!
16И си размислуваа помеѓу себе, велејќи: – Тоа е што немаме леб.
17А Исус, штом ги разбра, им рече: – Зошто мислите дека немате леб? Зар уште не знаете и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?
19Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња кренавте? Му велат: – Дванаесет.
20А седумте – за четири илјади, колку кошници со останати парчиња собравте? Тие Му одговорија: – Седум.
21И им рече: – Па, како тогаш не разбирате?
Крај на понеделникот
(Зачало 34)
22Потоа дојде#Вторник од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во Витсаида; и доведоа при Него слеп и Го молеа да се допре до него.
23И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете на него, па го праша дали гледа нешто?
24Тој, кога погледна, рече: – Ги гледам луѓето да врват како дрвја.
25Потоа, повторно ги положи рацете на очите негови и му рече да погледа. И му се поврати видот и ги гледаше сите јасно.
26И го испрати во домот негов и му рече: – Не влегувај во селото, ниту раскажувај некому в село.
Крај на вторникот
(Зачало 35)
27И излезе Исус#Сабота петта од Вел. пост: Во она време, излезе Исус со Своите ученици по селата на Кесарија Филипова. По патот ги прашуваше учениците Свои и им велеше: – За кого Ме мислат луѓето?
28Тие одговорија: – За Јована Крстителот, некои за Илија, а други, пак, за еден од пророците.
29Он им рече: – А вие, за кого Ме мислите? Петар Му одговори и рече: – Ти си Христос!
(Зачало 36)
30И им забрани#Среда од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, им забрани Исус на Своите ученици да говорат за Него, кому и да било.
31Па почна да ги учи, дека Синот Човечки треба многу да пострада,
Крај на саботата
да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.
32И говореше за тоа откриено. Но Петар, откако Го повлече настрана, почна да Го одвраќа.
33А Он, кога се заврти и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петра да говори и рече: – Бегај од Мене, сатано! Оти не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко.
34И кога го повика народот и учениците Свои, им рече:
(Зачало 37)
Кој сака да#Недела трета од Вел. пост: Рече Господ: Кој сака да (Ова и во неделата по Воздвижение) врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе својот крст и нека врви по Мене.
Крај на средата
35Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; а кој ќе ја изгуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36Оти, каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?
37Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
38Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.
Крај на средата
Селектирано:
Марко 8: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008