Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 30

30
Јакововиот благослов во деца и богатство.
1Рахил, гледајќи дека не му раѓа деца на Јакова, ѝ позавиде на сестрата своја, па му рече на Јакова: »Дај ми деца, ако не – јас ќе умрам!«
2А Јаков се налути на Рахил, и ѝ рече: »Зар јас сум тој, а не Бог, што не ти дал плод на утробата?«
3И му рече Рахил на Јакова: »Ене ја слугинката моја Вала; влези при неа; нека ми роди таа в скут, па јас ќе имам деца од неа.«
4И му ја даде Вала, слугинкака своја, за жена, и Јаков влезе при неа.
5И Вала зачна, и му роди на Јакова син.
6А Рахил рече: »Бог ми пресуди и го чу гласот мој, та ми даде син.« Затоа му стави име Дан.
7И Вала, слугинката на Рахил, пак зачна, и му роди втор син на Јакова.
8А Рахил рече: »Ми помага Бог. Жестоко се борев со сестрата моја, но победив.« И му кладе има Нефталим.
9А Лија, гледајќи дека престана да раѓа, ја зеде слугинката своја Зелфа и му ја даде на Јакова за жена; и тој влезе при неа.
10И зачна Залфа, слугинката на Лија, и му роди на Јакова син;
11Тогаш Лија рече: »Дојде честа моја.« Па го нарече Гад.
12И пак зачна Зелфа, слугинката Лиина, и му роди на Јакова и втор син.
13И рече Лија: »Блазе мене, зашто блажена ќе ме наречуваат жените!« Затоа му стави име Асир.
14А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на Лија, мајката своја. А Рахил ѝ рече на Лија, сестрата своја; »Дај ми од мандрагорите на синот твој!«
15Лија, пак, рече: »Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој?« Рахил ѝ одговори: »Тогаш нека легне ноќеска со тебе за мандрагорите од синот твој.«
16И вечерта, кога Јаков се враќаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: »Влези при мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!« И легна тој со неа таа ноќ.
17А Бог ја послуша Лија, и таа зачна, па му го роди на Јакова петтиот син.
18И рече Лија: »Бог ми даде награда, затоа што му ја дадов слугинката своја на мажот мој.« И му даде име Исхар, што значи награда.
19И пак зачна Лија, и му го роди на Јакова шестиот син.
20И рече Лија: »Бог ме награди со убав дар, па можеби сега ќе ме засака мажот мој, бидејќи му родив шест синови.« Затоа го нарече Завулон.
21Потоа роди ќерка и ѝ стави име Дина.
22Но Бог си спомна и за Рахил. И ја услиша Бог, па ја отвори утробата нејзина.
23Таа зачна и му роди на Јакова син, па рече Рахил: »Бог го отстрани од мене срамот мој.«
24И му даде име Јосиф, велејќи: »Бог ќе ми даде и друг син.«
25А кога Рахил го роди Јосифа, му рече Јаков на Лавана: »Пушти ме и ќе си одам во моето место и во својата земја.
26Дај ми ги жените мои, и децата мои, за кои ти служев, и да си одам; а ти знаеш како ти служев.«
27Лаван му рече: »Немој, ако сум нашол милост пред тебе. Гледам дека Бог ме благослови поради тебе.«
28И уште рече: »Барај плата, колку што сакаш, и јас ќе ти дадам.«
29А Јаков му одговори: »Ти знаеш како ти служев и колку многу ти се зголеми добитокот со мене;
30оти малку беше она, што го имаше, додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејќи Господ Бог те благослови кога дојдов јас. Па кога и јас за себе така куќа ќе куќам?«
31И му рече Лаван: »Што бараш да ти дадам?« А Јаков одговори: »Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ќе ти кажам, а јас, пак, ќе го пазам стадото твое и понатаму.
32Ќе го обиколам денес целото стадо твое и оддели секоја шарена овца и секоја црна и секоја шарена и пружеста коза. И тоа нека биде платата моја!
33Така после ќе ми посведочи справедливоста моја пред тебе кога ќе дојдеш да ја провериш наградата моја: ако се најде тогаш меѓу моите овци која не е црна или шарена, и меѓу козите мои, која не е шарена или пружеста, значи крадена е.«
34Лаван му рече: »Нека биде, како што рече!«
35И ги оддели Лаван истиот ден јарците пружести и шарени и сите кози црвеникави и шарени – секоја на која имаше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои.
36И определи растојание од три дена одење меѓу себе и Јакова. А Јаков го пасеше другиот ситен добиток на Лавана.
37И зеде Јаков зелени прачки тополови, бадемови и јаворови, па изрежа Јаков пруги, откако ја извади кората до беликата,
38и ги стави така изрезаните прачки во коритата од поилата, каде што доаѓаа овците да пијат, а бидејќи стоката зачнуваше, кога доаѓаше на вода,
39овците, гледајќи во прачките зачнуваа, па се раѓаа овци белузлави, дамкичави и шарени.
40И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново.
41И секогаш кога зачнуваше силниот добиток, Јаков ги ставаше прачките во поилата пред очите на добитокот, за да се пари гледајќи во прачките.
42А кога се пареше слабиот добиток, тогаш не ги ставаше. И го оставаше слабиот за Лавана, а силниот – за Јакова.
43И така тој човек се збогати многу, многу, та имаше многу ситен добиток и крупен, слугинки и слуги и камили и осли.

Селектирано:

Битие 30: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се