Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 4

4
Мојсеј добива дар да прави чуда. Враќање во Египет.
1Тогаш Мојсеј одговори и рече: »А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат – ‚Не ти се јавил Гопод?‘ – Што ќе им речам?«
2А господ му рече: »Што ти е тоа во раката?« А тој одговори: »Стап.«
3И му рече: »Фрли го на земја!« И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа.
4А Господ му рече на Мојсеја: »Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.« И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова.
5»Така ќе поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.«
6И пак му рече Господ: »Стави ја сега раката свој во пазувата своја!« И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег.
7И пак му рече Господ: »Стави ја пак раката своја во пазувата своја!« И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово.
8»Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ќе ти поверуваат при вториот знак.
9А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ќе се претвори во крв на земјата.«
10А Мојсеј Му рече на Господа: »О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејќи немам добра глас и тепкам, тешко зборувам.«
11А Господ му рече на Мојсеја: »Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог?
12Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја, и ќе те научам, што ќе зборуваш.«
13Но Мојсеј пак рече: »Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш.«
14И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: »Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ќе зборува наместо тебе; и еве тој ќе те сретне, и, кога ќе те види, ќе се зарадува во себе.
15Нему ќе му кажеш и ќе ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја и устата негова и ќе ви покажам што да правите.
16И тој место тебе ќе му зборува на народот; и така тој ќе ти биде тебе уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога.
17А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ќе правиш чуда.«
18Тогаш отиде Мојсеј и се врати при Јотора, тестот свој, и му рече: »Ќе појдам и ќе се вратам кај браќата мои во Египет, да видам дали се уште живи.« И му рече Јотор на Мојсеја: »Оди со здравје!« По оние многу денови умре царот египетски.
19И му рече Господ на Мојсеја во земјата Мадијамска: »Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите, што ја бараа душата твоја.«
20Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и децата свои, и ги качи на осли, и се врати во Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја.
21И му рече Господ на Мојсеја: »Кога ќе отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов моќ во рацете твои. А Јас, пак, ќе го ожесточам срцето негово, да не го пушти народот.
22А ти кажи му на Фараонот: ‚Вака вели Господ Бог еврејски: Израил е Мојот првороден син.‘
23‚Ти реков да го пуштиш народот Мој да ми послужи. Ако одбиеш да го пуштиш, внимавај Јас ќе ги убијам твојот првороден син.‘«
24И кога патем ноќеваше, го сретна Ангел Господов и сакаше да го убие.
25Тогаш Сепфора зеде остар камен, и го обреза крајот од телото на својот син, и клекна пред нозете на Мојсеја и рече: »Ете ја крвта од обрезанието на мојот син!«
26Тогаш Ангелот отиде од него; а таа рече: »Поради обрезанието застана крвта на синот мој.«
27А Господ му рече на Арона: »Излези во пустињата и отиди да го сретнеш Мојсеја!« И отиде да го сретне на планината Божја, и се целиваа обајцата.
28Мојсеј, пак, му ги кажа на Арона сите зборови Господови, Кој го испрати, и сите знаци, што му ги беше заповедал.
29И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини и синовите Израилеви.
30А Арон им ги кажа сите збороди, што му ги беше кажал Господ на Мојсеја, а Мојсеј ги изврши сите знаци пред народот.
31Народот поверува и се израдуваа зашто Господ Бог ги посети синовите Израилеви и погледна на маката нивна, па паднаа на колена и се поклонија.

Селектирано:

Исход 4: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се