Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 3

3
Павле го велича својот божествен позив како евангелски проповедник на незнабошците, и ги моли да се зацврстуваат во верата.
1Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исуса Христа за вас незнабошците.
2Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,
3односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и погоре ви напишав накратко,
4од кое, читајќи, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,
5која што, на синовите човечки од поранешните поколенија, не им беше кажана, како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух.
6Тоа стана за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христа Исуса преку Евангелието,
7на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.
8На мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го проповедам на незнабошците неискажаното богатство Христово
9и на сите да им откријам во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исуса Христа,
10та многуразличната премудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни,
11според предвечното определение, кое Он го изврши во Христа Исус нашиот Господ,
12во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме до Бога со доверба.
13Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
14Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
15од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,
16да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
17и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,
18та вкоренети и утврдени во љубовта, да можете да разбирате со свои светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина,
19и да ја узнаете Христовата љубов, што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.
20А на Оној, Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ, што бараме или помислиме,
21Нему нека е слава во Црквата преку Исуса Христа во сите родови и за сите векови. Амин!

Селектирано:

Ефесјаните 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се