Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 2

2
Човековата беда е надвор од Христа, благословот на верните во црквата Христова, во домот Божји.
1И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието,
3меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот, –
4но Бог, богат со милост, поради големата Си љубов, со која нѐ засака,
5иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживе со Христа
6и нѐ воскресна со Него и постави на небесата во Христа Исуса,
7за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христа Исуса,
8зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е;
9не е од дела, да не би некој да се пофали.
10Оти ние сме Негова творба, создадени во Христа Исуса за добри дела, што Бог ги предодредил уште од порано да ги вршиме.
11Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте иноверци, и наречени необрезани од така наречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,
12дека во она време бевте без Христа, отстранети од општеството на Израилот, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;
13но сега, во Христа Исуса, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.
14Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив,
15откако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир,
16и во едно тело да ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството.
17И, откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски,
18зашто преку Него и едните и другите имаме пристап при Отецот, во еден Дух.
19И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога,
20оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Исус Христос,
21врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господа;
22врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиштето Божјо преку Духот.

Селектирано:

Ефесјаните 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се