Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1. Солунјаните 3

3
Радоста поради добрите гласови што ги донел Тимотеј. Усрдна молитва за Црквата.
1Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, најдовме за добро во Атина да останеме сами,
2и го испративме Тимотеја, својот брат и слугата Божји, и својот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,
3та никој да не ве смутува во тие маки; оти сами знаете дека затоа сме определени.
4Бидејќи ние, и кога бевме при вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.
5Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да узнаам за верата ваша, да не би некако да ве искушал искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд.
6Сега, откако дојде Тимотеј при нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас, –
7ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;
8оти ние сега живееме, кога вие стоите во Господа.
9Каква благодарност, навистина, можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост, со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,
10кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме недостигот на вашата вера?
11А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го управи патот наш кон вас!
12Вам, пак, Господ да ви ја зголеми и да ви ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,
13за да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии. Амин!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност