Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1. Солунјаните 2

2
Апостолот им зборува на браќата за своето чисто поведение меѓу нив. Му благодари на Бога за нивното постојанство во верата и копнее нив пак да ги види.
1Вие сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање при вас не беше залудо:
2иако порано пострадавме и бевме поругани во Филипи, како што знаете, ние се ослободивме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Евангелие со голем труд.
3Зашто нашата утеха не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство.
4Но, како што Бог нѐ удостои да ни Го повери Евангелието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува срцата наши.
5Оти никогаш со примамливи зборови не се однесовме кон вас – како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!
6Ни човечка слава не баравме – било од вас, било од други:
7иако можевме и да се јавиме со важност како Христови апостоли, но при сето тоа ние бевме среде вас благи, онака како што нежно се однесува доилката кон своите деца.
8Така ве бевме засакале, што бевме готови да ви го предадеме не само Благовестието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.
9Та вие ги помните, браќа, нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас, ние ви Го проповедаме Евангелието Божјо.
10Сведоци сте вие како и Бог, дека свето, праведно и безукорно постапувавме пред вас, кои што верувате,
11зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,
12ние ве молевме и утешувавме и сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве призвал во Своето царство и слава.
13Затоа и непрестајно Му благодариме на Бога, оти, откако го примивте словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што и е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои што верувате.
14Вие, браќа, поминавте како Божјите цркви во Христа Исуса, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите едноплеменици, како и оние од Јудејците,
15што Го убија и Господа Исуса, и Неговите пророци, и нас нѐ изгонија, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;
16кои што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат, и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна до крај.
17А ние, браќа, откако се одделивме од вас за кратко време по лице, а не по срце, со уште поголема желба се грижевме да го видиме лицето ваше.
18Поради тоа, ние, најмногу јас, Павле, и еднаш, и другпат, посакавме да дојдеме при вас; но нѐ попречи сатаната.
19Оти, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та тоа не сте ли и вие пред нашиот Господ Исуса Христа за Неговото доаѓање?
20Да, вие сте нашата слава и радост!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се