1. Солунјаните 1
1
Благодарност на Бога за благословениот прием на Евангелието во Солун.
1Од Павла, Силуана и Тимотеја – до солунската црква во Бога Отецот наш и во Господа Исуса Христа!
2Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, спомнувајќи ве во молитвите наши
3и непрестајно го помниме делто на вашата вера, трудот на вашата љубов и трпеливоста на надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога,
5зашто нашето Благовестие кон вас беше не само со слово, туку и со сила и со Светиот Дух, и со голема увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.
6И вие се угледавте на нас и на Господа, кога во големи маки со радост го примивте словото од Светиот Дух,
7така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9Зашто, верниците сами разгласуваат за нас, какво беше нашето доаѓање при вас, и како од идолите се обрнавте кон Бога, за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Он Го воскресна од мртвите, Исуса, Кој нѐ избави од идниот гнев.
Селектирано:
1. Солунјаните 1: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016