Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 4

4
Молете Му се на Бога и за апостолите и за христијанската мудрост во зборови и дела. Поздрави и крај.
1Вие, господарите, спрема робовите свои бидете справедливи и давајте им го она што е правично, кога знаете дека и вие имате Господар на небесата!
2Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!
3Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,
4та да ја откријам, како што треба да зборувам!
5Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!
6Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!
7Што се однесува до мене, сѐ ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и сотрудник во Господа,
8кого нарочно поради тоа го испратив при вас, за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,
9заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат сѐ што станува овде.
10Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава – за кого добивте заповед: ако дојде при вас, примете го.
11Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.
12Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исуса Христа, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.
13Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Ерапол.
14Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.
15Поздравете ги браќата во Лаодикија, и Нимфана, и неговата домашна црква!
16Откако ова послание се прочита при вас, направете да се прочита и во Лаодикијската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.
17Кажете му на Архип: »Гледај ја службата, што си ја примил во Господа, да ја извршуваш!«
18Своерачен поздрав од мене, Павла. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Селектирано:

Колосјаните 4: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се