Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1. Солунјаните 4

4
Да живееме во светлина. Нашата надеж за умрените.
1И така, браќа, ве молиме и советуваме во Христа Исуса, онака, како што научивте од нас како треба да постапувате и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, повеќе во тоа да успевате;
2зашто знаете какви заповеди ви дадовме од Господа Исуса.
3Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство,
4и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист,
5а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
6и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.
7Оти Бог не нѐ призва кон нечистота, туку кон светост.
8А кој го отфрла тоа, тој отфрлува не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.
9За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг,
10бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате,
11и усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствените свои раце како што ви заповедавме;
12да се држите чесно спрема надворешните и да немате потреба од никого.
13Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж.
14Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него.
15Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените,
16бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите;
17а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа.
18Па затоа, утешувајте се еден друг со тие зборови.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност