Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 7

7
ПСАЛМ 7
Плачна Давидова песна што Му ја пеел на Господ
1Господи, Боже мој, кај Тебе се за­солнувам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме; 2#11,1; 18,2; 31,1.15зашто тие како лавови ќе ме зграбат, ќе ме влечат, а ќе нема кој да спасува. 3#10,9; 17,12; 22,13; 35,17; 50,22; 71,11; Јов 10,7; Ис 5,29Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои; 4ако зло им вратив на пријателите мои, или без причина сум ги ограбил непријателите, 5нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, душата во прав нека ми ја претвори. 6Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите мои; стани, Господи, Ти Си одредил суд. 7Нека се собере народен собир околу Тебе; и Ти издигни се над него високо. 8Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според невиноста моја. 9#9,8; 18,20; 26,1; 35,24; 43,1; 2 Сам 22,21; Ис 3,13Стави ѝ крај на злобата на нечес­тивите, а праведниот зацврсти го, Ти, кој ги испитуваш срцата и бубрезите, праведен Боже. 10#26,2; Ер 11,20; 17,10; 20,11; 1 Лет 28,9; Откр 2,23Бог ми е штит, Тој ги спасува оние што се со чисти срца. 11Бог е праведен судија, и секојдневно предупредува. 12Ако не се покаете, Тој ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне Својот лак и ќе го насочи, 13#37,14; Ис 5,28и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува. 14#Ис 50,11И, ете, кај безбожникот сѐ повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззаконие, 15#Ис 59,4; Јов 15,35па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи, 16#9,15; 35,7-8; 57,6; Изреки 26,27и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и насилството негово слезе. 17#Јов 4,8; Изреки 5,22; 22,7; Ест 9,25; Гал 6,7-8Го прославувам Господа поради правдата Негова и Му пеам на името на Господ, Севишниот.

Селектирано:

Псалми 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност