Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 6

6
ПСАЛМ 6
Покајничка молитва. Надеж во помошта од Господ
1Господи, не карај ме во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој. 2#38,1; Ер 10,24Смилувај се на мене, Господи, би­дејќи сум немоќен; исцели ме, Господи, зашто коските ми се тресат; 3#41,4; Ер 17,14; 23,9; Јов 4,14и душата ми е потресена. А Ти, Гос­поди до кога? 4#90,13Врати се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја, 5#31,16; 109,26бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе? 6#30,9; 88,5.10-12; 115,17; Ис 38,18Се уморив воздивнувајќи; секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја. 7#38,8; 69,3; Ер 45,3Од скрб ми се помрачи окото мое, ми ослабе поради сите мои непријатели. 8#31,9Отстапете од мене сите вие, кои вр­шите неправда, зашто Господ го услиша гласот на мојот плач. 9#119,115; Мт 7,23; Лк 13,27Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја. 10Ќе се посрамат и уплашат сите мои непријатели; ќе се повлечат и веднаш ќе се засрамат.

Селектирано:

Псалми 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност