Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 8

8
ПСАЛМ 8
Божјата величина во создавањето; човековата нискост и висина
1Јахве, Господи наш, колку е вели­чествено името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата. 2#57,5; Евр 1,3Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Сво­ја заради непријателите Твои, за да го замолкнеш непријателот и одмаздникот. 3#Мт 11,25Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: 4Што е тоа човек, та си спомнуваш за него, или син човечки, па се грижиш за него? 5#144,3; Јов 7,17-18; Евр 2,6Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал, 6#21,5; 1 Мојс 1,26-27и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови; 7#1 Мојс 1,28; 10,2; 1 Кор 15,25-27; Ефес 1,22; Евр 2,8овците и воловите сите, и ѕверо­вите полски; 8птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските па­тишта. 9Јахве, Господи наш, колку е вели­чествено името Твое по целата земја!

Селектирано:

Псалми 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност