Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 58

58
ПСАЛМ 58
Бог е судија на Земјата
1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки сино­ви? 2#82,2; 5 Мојс 16,19; Мих 2,1Во срцето свое кроите беззаконие, вашите раце плетат насилство на Земја­та. 3Се отуѓија грешниците од мај­чиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага. 4Јароста им е како змиски отров, ка­ко отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои, 5#140,3; 5 Мојс 32,33и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето. 6#Проп 10,11Бог нека им ги скрши нивните заби во устите нивни; разби ги, Гос­поди, челустите лавовски! 7#3,7; 35,17; 57,4Нека се разлијат како вода што ис­текува; како изгазена трева нека се исушат! 8#37,2; 2 Сам 14,14; Јов 11,16; 14,11; 18,14Како полжав што се топи да се растопат, како пометнат плод, сонце да не видат никогаш! 9#Јов 3,16; Проп 6,3-4Пред котлите ваши да осетат топ­лина од запаленото трње, сирово или суво, виор нека ги однесе! 10#Ос 13,3; Наум 1,10; Јов 21,18; 27,21Ќе се зарадува праведниот, кога ќе ја види одмаздата над безбожни­ците; ќе ги мие нозете свои во крвта на греш­никот. 11#35,27; 52,6; 68,23И ќе рече човекот: навистина има награда за праведниот! Навистина има Бог, Кој суди на Земјата!

Селектирано:

Псалми 58: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се