Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 57

57
ПСАЛМ 57
Величање на милоста Божја
1Смилувај се, Боже, на мене. Сми­лувај се, зашто во Тебе се надева душа­та моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите. 2#17,8Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. 3#138,8Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност. 4#43,3Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч. 5#7,2; 10,9; 17,12; 22,13.21; Ис 38,13; Јов 10,16; Дан 6,17; Пс 64,3Возвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава! 6#72,19; 102,15; 108,5; 4 Мојс 14,21Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ис­копаа пред мене јама, но сами паднаа во неа. 7#Плач 1,13; Пс 7,15Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. 8#108,1-5Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората. 9#Јов 38,12Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата, 10#9,11; 18,49зашто Твојата милост се возве­личи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците. 11#36,5Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!

Селектирано:

Псалми 57: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност