Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 59

59
ПСАЛМ 59
Молитва за помош против замки од пакосни непријатели
1Спаси ме од непријателите мои, Бо­же мој, заштити ме од оние што стануваат против мене! 2Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците; 3зашто, ете, тие ја демнат душата мо­ја; ме напаѓаат силните без престап мој и без грев мој, Господи. 4#Изреки 1,11Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и по­гледај. 5#7,6Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израелов, разбуди се и казни ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие. 6#35,23Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот. 7#22,16; 55,10И, ете, блујат со јазикот свој; во ус­тата имаат меч, „Зашто, – си велат тие, – кој ќе чуе?“ 8#52,2; 55,21; 57,4; 64,3Но Ти, Господи, им се смееш; им се подбиваш на сите безбожни народи. 9#2,4; 37,13Сило моја, Тебе те очекувам, зашто Ти си, Боже, мое прибежиште. 10Мојот Бог, ќе ме пресретне со љу­бов, Бог мој, Кој ми ги покорува моите непријатели. 11#54,7Не убивај ги, за да не заборави мо­јот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштит­ниче наш. 12За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејќи само клет­ви и лаги кажуваат. 13#Изреки 12,13; 18,6Истреби ги во гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат дека Бог управува над Јаков и до краиштата на земјата. 14#46,9-10; 83,18; Ез 5,13; 6,11; 13,12Навраќаат секоја вечер, завиваат како кучиња, и одат околу градот; 15тие скитаат барајќи храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќите 'ржејќи. 16Јас, пак, со песна ќе ја славам Тво­јата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше закрила и прибежиште во денот на мо­јата несреќа. 17#17,15Сило моја, Тебе Ти пеам, зашто Ти си закрила, Боже мој, милост моја.

Селектирано:

Псалми 59: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се