Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 27

27
ПСАЛМ 27
Во Божјата близина страв нема
1 # 4,6; 18,28; 28,8; 31,2; 36,9; 43,3; Ис 10,17; Мих 7,8; Јн 1,4.9; 1 Јн 1,5 Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? 2#14,4; Јов 19,22Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа. 3И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба. 4#23,6; 26,8; 42,2; 61,4; 63,2; 84,1-3; 90,17Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Госпо­довата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, 5#17,8; 31,20; 64,2; 61,2зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето жи­веалиште; би ме искачил на карпа. 6Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружу­ваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа. 7Чуј го, Господи, гласот мој, бидеј­ќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме. 8#24,6; 105,4; 2 Сам 21,1; Ос 5,15Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи. 9#13,1; 24,6; 44,24; 69,17; 88,14; 105,4; Ос 5,15Не сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителе мој! 10#Ис 49,14-15; Ер 31,20; Ос 11,8Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прибере. 11#25,4; 86,11Научи ме, Господи, на Твојот пат и води ме по рамна патека, поради непријателите мои; 12не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто останаа против мене лажни сведоци со насилство во нивните носници. 13#116,9; 142,5Но јас верувам дека ќе ја видам Господовата добрина во земјата на живите. 14#31,24; 37,34; 130,5-6; Ис.Н. 1,9; 1 Кор 16,13Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!

Селектирано:

Псалми 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се