Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 26

26
ПСАЛМ 26
Молитва за спасение во простота
1 # 15,2; 17,1; 101,2 Оправдај ме, Господи, бидејќи одев непорочно и непоколебливо верував во Господ. 2#7,9; 17,3; 139,23Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце. 3#119,30Твојата милост е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина, 4#1,1-2со луѓе суетни не седам и со пре­стапници на законот Твој не се дружам; 5го намразив друштвото на злонамерните; со нечестивите нема да седнам; 6#73,13; 2 Мојс 30,17-21; 5 Мојс 21,6-7; Мт 27,24ги мијам рацете свои во невиноста и го обиколувам жртвеникот Твој, Гос­поди, 7#9,1за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудесни дела. 8#29,9; 63,2; 2 Мојс 24,16; 25,8Господи, го возљубив домот, во кој престојуваш и местото каде што пребива славата Твоја. 9#28,3; 37,1-2.35-36; 55,23; 73,18-20; Изреки 10,27; 13,8Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со крвопијци, 10#2 Мојс 23,8во чии раце има злочини, чија дес­ница е полна со поткупи. 11#25,16Јас, пак, одам во својата непороч­ност, избави ме, Господи, и помилуј ме. 12#22,22; 40,10; 52,9Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те благословувам, Господи.

Селектирано:

Псалми 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се