Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 28

28
ПСАЛМ 28
Молитва за спасение од грешници
1 # 18,2; 22,29; 30,3; 35,22; 39,12; 88,4; 143,7 Кон Тебе, Господи, викам, карпо моја; не оглушувај се кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб! 2#5,7; 63,4; 134,2; 141,2; 1 Цар 8,22.38; Плач 2,19; Езд 9,5; Неем 8,6Чуј го гласот на молитвите мои, кога викам кон Тебе, кога кревам раце кон Твојот свет храм. 3#12,2; 55,21; 62,4; Изреки 26,24-25Не земај ме со нечестивци и зло­сторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето смислуваат зло. 4#62,12; 94,2; 137,8; 2 Мојс 21,23-25; Ис 3,11; Ер 32,19; 50,29; Изреки 11,21.31; 24,12Возврати им, Господи, според ни­в­ните дела, според нивните лоши пос­тапки; според делата на нивните раце, возврати им го она што го заслужиле! 5#52,5; Ис 5,12Бидејќи тие немаат почит кон делата на Господ, ниту кон делата на рацете Негови; Тој ќе ги собори и нема да ги подигне. 6Благословен е Господ, зашто Тој го чу гласот на молитвите мои. 7Господ е крепост моја и штит мој; во Него има верба срцето мое и Тој ми помага; затоа се радува срцето мое и јас ќе Го прославувам со песна. 8#29,11; 1 Сам 2,10Господ е крепост на Својот народ и спасоносно прибежиште за Својот помазаник. 9Спаси го народот Свој и благо­слови го наследството Твое; биди им Пастир и носи ги довека!

Селектирано:

Псалми 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се