Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 34

34
Границите на земјата хананска
1 # Ез 47,13-23 Му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#1 Мојс 17,8; 5 Мојс 1,7-8; Ис.Н. 23,4„Заповедај им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе влезете во хананската земја, таа е земјата, која ќе ви се падне во дел – земјата хананска со пределите нејзини: 3#1 Мојс 14,3; Ис.Н. 15,1-3вашата јужна граница ќе започнува од пустината Син, покрај Едом; ќе започнува од крајот на Соленото Море откај исток; 4#Ис.Н. 15,3-4потоа вашата граница ќе сврти на југ кон Акравимските возвишенија, ми­нува низ Син, ќе дојде јужно од Ка­дис-Барнеа, па потоа ќе продолжи кон Хацар-Адар и Ацмон; 5#1 Мојс 15,18од Ацмон границата ќе оди кон египетската река и ќе излегува на морето. 6#Ис.Н. 1,4; 9,1; 15,12А западна граница ќе ви биде Голе­мото Море. Тоа ќе ви биде граница откај запад. 7Откај север, пак, да имате граница: од Големото Море да оди кон планината Ор, 8#Ис.Н. 13,5од планината Ор да продолжува до Емат, и оттука да свртува кон Цедад; 9оттаму границата да продолжи кон Зифрон и да скршнува кон Ха­цар-Енан: тоа да ви биде северната граница. 10#Ис.Н. 15,5Источната граница означете ја сами од Хацар-Енан до Шефам, 11#2 Цар 23,33; Ер 39,5од Шефам ќе продолжи кон Ривла, потоа, слегувајќи уште надолу, се допира до источните брегови на Гениса­ретското Езеро; од источната страна на Ајин; 12потоа границата ќе оди по реката Јордан и ќе заврши кај Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите нејзини наоколу.“ 13#26,52-56; 3 Мојс 16,8; Ис.Н. 18,10; Ез 45,1Тогаш им заповеда Мојсеј на сино­вите на Израел и им рече: „Еве ја земјата што ќе ја поделите со ждрепка, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и на половината од племето, 14#5 Мојс 33,21; Ис.Н. 14,1-5зашто племето на Рувимовите потомци според семејствата нивни, и племето на потомците на Гад според семејствата нивни, и половината од Манасиевото племе, го добија својот дел: 15двете племиња и половината племе го добија својот дел со ждрепка од оваа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток.“
Список на одговорните за поделба на земјата
16И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 17#5 Мојс 1,38; Ис.Н. 19,51„Ова се имињата на мажите што ќе ја поделат таа земја меѓу вас: свеш­теникот Елеазар, и Исус, Навиновиот син; 18#Ис.Н. 14,1а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе. 19#1 Мојс 29,35; 5 Мојс 33,7А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе – Халев, синот Јефу­неов; 20#1 Мојс 29,33за племето на Симеоновите потомци – Самоил, синот Амиудов; 21#1 Мојс 49,27; Суд 5,14за Венијаминовото племе – Елидад, синот Кислонов; 22за племето на Дановите потомци – кнезот Буки, Јоглиевиот син; 23за Јосифовите потомци, за племето на Манасиевите потомци – кнезот Ханиил, Ефодовиот син; 24за коленото на Ефремовите потомци – кнезот Кемуел, синот Шифтанов; 25#1 Мојс 30,20за племето на Завулоновите потомци – кнезот Елицафан, синот Парнахов; 26за племето на Исахаровите потомци – кнезот Палтиел, синот Азанов; 27за племето на Асировите потомци – кнезот Ахиуд, синот Шеломиев; 28за племето на Нефталимовите по­том­ци – кнезот Педаел, синот Амиу­дов.“ 29Тоа се оние, на кои Господ им заповеда да ги поделат деловите меѓу синовите на Израел во хананската земја.

Селектирано:

Броеви 34: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се