Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 33

33
Список на местата, каде што беа сместувани логорите по излегувањето од Египет
1 # 2 Мојс 4,16; 17,1 Ете тоа се патувањата на синовите израелски, откако излегоа од египетската земја, групирани во легиони под водството на Мојсеј и на Арон. 2По заповед на Господ Мојсеј ги опиша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување: 3#1 Мојс 47,11; 2 Мојс 12,37; 14,8Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, – утрината по Пасха излегоа синовите израелски – слободно, пред очите на сите Египќани; 4#2 Мојс 4,23; 12,12; Ер 15,3; Ез 14,21а во тоа време Египќаните ги погребуваа сите првородени, кои ги порази Господ меѓу нив, извршувајќи, на тој начин суд над нивните богови. 5#2 Мојс 12,37Така тргнаа синовите израелски од Рамзес и се сместија во Сукот. 6#2 Мојс 13,20Потоа појдоа од Сукот и се сместија во Етам, кој е на крајот од пустината. 7#2 Мојс 14,2.9Се кренаа од Етам, и се упатија кон Пи-Хахирот, кој е спроти Ваал-Цефон, и се сместија спроти Мигдол. 8#2 Мојс 15,22-23Откако тргнаа од Пи-Хахирот, ми­наа преку морето во пустината, и патуваа три дена по пустината Етам, и се улогорија во Мара. 9#2 Мојс 15,27И се кренаа од Мара, и пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет палми; и се сместија таму. 10#2 Мојс 16,1Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море. 11И тргнаа од Црвеното Море и се сместија во пустината Син. 12Па се кренаа од пустината Син и се сместија во Дофка. 13Од Дофка заминаа и дојдоа во Алуш. 14#2 Мојс 17,1-7Тргнаа од Алуш и се сместија во Рефидим, а таму немаше вода да пие народот. 15#2 Мојс 19,2Појдоа од Рефидим и се сместија во Синајската Пустина. 16Заминаа од Синајската Пустина и се сместија крај Киврот-Таава. 17#11,34-35Тргнаа од Киврот-Таава и се улогорија во Хацерот. 18Од Хацерот појдоа и се сместија во Ритма. 19Потоа се кренаа од Ритма и се смес­тија во Римон-Перец. 20#Ис.Н. 10,29; 2 Цар 8,22; Ис 37,8; Ер 52,1Појдоа од Римон-Перец и се смес­тија во Ливна. 21Од Ливна заминаа и се сместија во Риса. 22Тргнаа од Риса и се сместија во Кехелата. 23Се кренаа од Кехелата и се сместија на гората Шефер. 24Тргнаа од планината Шефер и се сместија во Харада. 25Тргнаа од Харада и се сместија во Макхелот. 26Од Макхелот се кренаа и се сместија во Тахат. 27Тргнаа од Тахат и се сместија во Тара. 28Појдоа од Тара и се сместија во Митка. 29Заминаа од Митка и се сместија во Хашмона. 30#5 Мојс 10,6Од Хашмона тргнаа и се сместија во Мосерот. 31#5 Мојс 10,6-7Тргнаа од Мосерот и се сместија во Бене-Јаакан. 32Заминаа од Бене-Јаакан и се сместија во Хор-Гидгад. 33#5 Мојс 10,7Се кренаа од Хор-Гидгад и се сместија во Јатевата. 34Појдоа од Јатевата и се сместија во Аврона. 35#5 Мојс 2,8; 1 Цар 9,26Тргнаа од Аврона и се сместија во Ецјон-Гевер. 36Од Ецјон-Гевер тргнаа и се сместија на стан во пустината Син, т.е. во Кадис. 37#20,22Појдоа од Кадис и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едом­ска. 38#20,22-29Тогаш по заповед на Господ свеш­теникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата го­дина по излегувањето на синовите израелски од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот; 39Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Ор. 40#21,1-3Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во хананската земја, чу дека идат синовите на Израел. 41И тие тргнаа од Ор-Планина и се сместија во Салмона. 42Појдоа од Салмона и се сместија во Пунон. 43Се кренаа од Пунон и се сместија во Овот. 44#21,10Потоа заминаа од Овот и се сместија во Ије-Аварим, од спротива на пределите моавски. 45Тргнаа од Ије-Аварим и се сместија во Дивон-Гад. 46Појдоа од Дивон-Гад и се сместија во Алмон-Дивлатаим. 47Се кренаа од Алмон-Дивлатаим и се сместија на планината Аварим, спроти Нево. 48#22,1Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во рамнините моавски, крај Јордан, спроти Ерихон; 49#Ис.Н. 12,3; 13,20; Ез 25,9тие беа сместени на брегот од Јордан, во Моавската Рамнина, од Бет-Јешимот до Авел-Ситим. 50Тогаш му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска, кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи: 51#Ис.Н. 3,17„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе минете од онаа страна на Јордан, во хананската земја, 52#23,24; 5 Мојс 7,2-5; 14,2-3протерајте ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни излеани идоли, и сите нивни жртвеници, разорете ги 53#5 Мојс 11,31; 17,14; Ис.Н. 1,11; 21,43и завладејте ја таа земја, и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам во наследство; 54#26,54-56; 3 Мојс 16,8; Ис.Н. 18,10и поделете ја земјата со ждрепка на делови меѓу вашите племиња: на мно­губројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне ждрепката, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на предците ваши. 55#Ис.Н. 23,13; Суд 2,3; Ез 2,6; Пс 106,36; 2 Кор 12,7Ако, пак, не ги протерате од пред себе жителите на таа земја, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете, 56и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.“

Селектирано:

Броеви 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се