Броеви 32
32
Три колена се населуваат источно од Јордан
1 #
21,24-32
#
1 Мојс 31,21; 2 Мојс 12,38; Суд 5,16 Рувимовите потомци и потомците на Гад имаа многу добиток; и тие видоа дека земјата Јазер и земјата Галаад се погодни места за стада. 2И Гадовите потомци и Рувимовите потомци дојдоа и им кажаа на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, и на кнезовите народни, велејќи: 3„Атарот, Дивон, Јазер, Нимра, Есевон, Елале, Севам, Нево и Беон, 4#2 Мојс 12,38земјата, која Господ им ја предаде на синовите израелски, е земја за одгледување стада, а твоите слуги имаат стада.“ 5И рекоа: „Ако сме нашле милост во очите твои, дај им ја таа земја на твоите слуги во владение; не нѐ преведувај преку Јордан.“ 6И им рече Мојсеј на потомците на Гад и на Рувимовите потомци: „Браќата ваши ќе отидат во војна, а вие тука ли ќе останете? 7#13,32-33; Ис.Н. 14,6-14Зошто го одвраќате срцето на синовите израелски да одат во земјата што Господ им ја дава? 8Не направија ли така татковците ваши, кога ги испраќав од Кадис-Барнеа да ја видат земјата? 9#13,17-33Тие отидоа до долината Ешкол и ја видоа земјата, и го одвратија срцето на синовите израелски, за да не отидат во земјата, која Господ им ја дава; 10и во оној ден се разгори гневот на Господ и Тој се заколна, велејќи: 11#14,26-35; 2 Мојс 30,14‚И тие луѓе што излегоа од Египет, од дваесет години и нагоре, нема да ја видат земјата, за која им се бев заколнал на Авраам, Исак и Јаков, зашто тие не Ме послушаа,‘ 12освен Халев, синот на Јефуне, и Исус, синот Навинов, зашто тие Му се покоруваа на Господ. 13#2 Мојс 4,14И се разгоре гневот на Господ против Израел, и Тој ги водеше по пустината четириесет години; додека не изгина целиот род, кој беше направил зло пред Господ. 14#5 Мојс 1,34; Пс 78,59И ете, наместо татковците ваши, востанавте вие, изроди од грешници, за да го зголемите уште повеќе гневот на јароста Господова против Израел. 15#5 Мојс 30,17-18; 2 Лет 7,20Ако се одвратите од Него, Тој пак ќе го остави Израел во пустината, и вие ќе го погубите сиот овој народ.“ 16#Пс 50,9; 78,70И тие се приближија до него и рекоа: „Ќе направиме тука кошари за нашите стада и градови за нашите деца; 17#Ис.Н. 4,12-13а самите ние први ќе се вооружиме и ќе одиме пред синовите израелски, додека не ги одведеме до местата нивни; нашите деца, пак, нека останат во утврдени градови, за да бидат во безопасност од месните жители; 18#Ис.Н. 22,1-4нема да се вратиме во домовите наши сѐ додека не стапат синовите израелски – секој на својот дел; 19#Ис.Н. 12,1; 22,7зашто нема да земеме заедно со нив дел од онаа страна на Јордан и понатаму, ако ни се даде дел од оваа страна на Јордан, кон исток.“ 20Тогаш Мојсеј им рече: „Ако го направите тоа, ако отидете вооружени во војна пред Господ, 21и секој од вас вооружен го мине Јордан пред Господ, додека не ги истреби Тој пред Себе Своите непријатели, 22#3 Мојс 14,34; Ис.Н. 22,4и кога земјата ќе биде покорена пред Господ, тогаш ќе се вратите и нема да бидете виновни пред Господ и пред Израел, и ќе ја владеете оваа земја пред Господ. 23#1 Мојс 4,7; 5 Мојс 28,45; Ис 3,9Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господ и за гревот свој ќе претрпите казна што ќе ве стигне. 24Изградете градови за децата ваши и трла за добитокот ваш, и извршете го она што го кажавте со устата своја!“ 25#Ис.Н. 1,16; 22,2Тогаш потомците на Гад и на Рувим му рекоа на Мојсеј: „Слугите твои ќе направат така, како што заповеда господарот наш; 26#Ис.Н. 1,14; 2 Сам 2,9; 1 Лет 5,9децата, пак, наши, жените наши, стадата наши и сиот наш добиток нека останат тука во градовите на Галаад, 27а слугите твои, сите вооружени и подготвени како војници, пред Господ ќе појдат во војна, како што вели нашиот господар.“ 28#Ис.Н. 1,13И Мојсеј им заповеда на свештеникот Елеазар и на Исус, Навиновиот син, и на началниците над колената од синовите израелски, 29и им рече: „Ако потомците на Гад и на Рувим го преминат заедно со вас Јордан, сите вооружени и подготвени за војување пред Господ, и ја покорите земјата пред вас, дајте им ја да ја владеат земјата Галаад. 30Ако пак не тргнат заедно со вас вооружени, нека и тие добијат дел, заедно со вас, во земјата хананска.“ 31Тогаш потомците на Гад и на Рувим одговорија и рекоа: „Како што ни заповеда Господ на слугите твои, така и ќе направиме; 32#Ис.Н. 12,6ние ќе тргнеме вооружени пред Господ за хананската земја, а дајте ни ја во владение наше оваа страна на Јордан.“ 33#Ис.Н. 1,12; 12,5.6; 13,24-28; 1 Сам 13,7И им го даде Мојсеј – на потомците на Гад и на Рувим и на половината од коленото на Манасија, синот на Јосиф, – царството на Сихон, аморејски цар, и царството на Ог, башански цар, земјата со градовите нејзини и околиите нивни, – градовите со земјата околу нив. 34И тогаш потомците на Гад го изградија Дивон, Атарот, Ароер, 35Атрот-Шофан, Јазер, Јогбеха, 36Бет-Нимра и Бет-Харан, градови утврдени, и огради за овци. 37А потомците на Рувим ги изградија Есевон, Елале, Кирјатаим, 38Нево, Ваал-Меон, чии имиња беа изменети, и Сивма; и им дадоа имиња на градовите што ги изградија. 39#26,29; 1 Мојс 50,23; 5 Мојс 2,36; Ис.Н. 13,31И отидоа потомците на Махир, Манасиев син, во Галаад, и го презедоа и ги протераа Аморејците што живееја таму. 40#1 Мојс 50,23И им го даде Мојсеј Галаад на потомците на Махир, син Манасиев, и тие се населија таму. 41#5 Мојс 3,14; Суд 10,4Јаир, пак, потомок Манасиев, отиде и ги презеде селата нивни и ги нарече Јаирови села. 42#Суд 18,29А Новах отиде и го зазеде Кенат и околните места, и го нарече според името свое: Новах.
Селектирано:
Броеви 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006