Броеви 15
15
Приносите од брашно, масло и вино
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#3 Мојс 23,10„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ќе живеете и која ви ја давам, 3#3 Мојс 1,2.9; Езд 1,4и почнете да принесувате на Господ жртви сепаленици, или жртви заклани, поради завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, за да направите пријатен мирис пред Господ, од крупниот или од ситниот добиток, 4#2 Мојс 16,36; 29,40; 3 Мојс 2,1-10; 6,14тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господ, треба да принесе и лебен принос на Господ од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин маслиново масло; 5#1 Мојс 35,14; 3 Мојс 3,7; 10,9и вино за прелив принесувај по четврт ин за сепаленица, како и за друга жртва, ако таа жртва е едно јагне. 6#3 Мојс 5,15; Ез 46,14И овен кога принесувате, принесувајте и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, измешано со една третина ин маслиново масло; 7и вино за прелив принеси една третина ин за благопријатен мирис пред Господ. 8Ако принесувате сепаленица од говедата, или колена жртва, поради завет или како жртва за мир, 9#3 Мојс 2,1тогаш заедно со јунецот принесете и лебен принос три десетини од ефа пченично брашно, измешано со половина ин маслиново масло, 10и вино за прелив принесете половина ин како жртва, за благопријатен мирис пред Господ. 11Така прави при секој принос на јунец, на овен, и на јагне или јаре; 12#Езд 7,17според бројот на жртвите што ги принесувате, така правете при секоја од нив, според бројот нивни. 13#3 Мојс 1,9Секој тукашен така треба да прави, кога принесува жртва за благопријатен мирис пред Господ; 14#2 Мојс 12,19; 3 Мојс 22,18и кога меѓу вас има придојден или кој и да било меѓу вас во поколенијата ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господ, и тој треба да прави така, како што правите вие; 15#2 Мојс 12,48; 3 Мојс 24,22за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее меѓу вас, законот да биде еден, вечниот закон во родовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придојдениот пред Господ; 16#2 Мојс 12,49еден закон и еднакви права да има, и за вас, и за придојдениот, кој живее меѓу вас.“
Принос од првите лебови
17 #
Рим 11,16
Му рече уште Господ на Мојсеј, велејќи: 18#3 Мојс 23,10„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ве водам, 19#Ис.Н. 5,11-12и ќе почнете да јадете леб од таа земја, оставете и дел за Господ; 20#3 Мојс 23,14од првините на тестото принесете; леб принесете од гумното. 21#Ез 44,30Од првината на тестото ваше принос принесувајте Му на Господ во родовите ваши.“
Жртви за неволен грев
22 #
3 Мојс 4,2.27-31 „Ако погрешите поради незнаење и не ги исполните сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеј, 23сѐ она што ви заповеда Господ преку Мојсеј, од денот, кога Господ ви заповедал, и за во иднината во родовите ваши, 24#3 Мојс 4,3.14; 5,15ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе еден јунец за сепаленица, за благопријатен мирис на Господ, заедно со лебен принос и прелив, според прописите, и еден козел – жртва за грев. 25#3 Мојс 4,20И свештеникот ќе го ослободи од грев целото општество на синовите израелски, и ќе им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господ и жртва за грев пред Господ, поради своето незнаење. 26И ќе му биде простено на целото општество на синовите израелски и на придојдениот, кој живее меѓу нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење. 27#3 Мојс 4,3.27Ако некој сам згреши не сакајќи, нека принесе едногодишна коза заради својот грев. 28И свештеникот ќе ја ослободи од грев таа душа, која не сакајќи направила пред Господ грев, и таа ќе биде очистена и ќе ѝ биде простено. 29#2 Мојс 12,49Еден закон да биде за сите вас, како за жителите од синовите израелски, така и за придојдениот, кој живее меѓу вас, кога некој ќе погреши несакајќи. 30#Ис 37,6.23Ако некој од тукашните или од придојдените изврши нешто со дрскост, тој Го хули Господа; да се истреби таа душа од народот свој; 31#3 Мојс 5,1; 1 Сам 15,23.26; 2 Сам 11,27; Ез 18,20; Пс 119,126зашто тој го презрел зборот на Господ и ја нарушил заповедта Негова; да биде истребена таа душа; гревот нејзин да биде врз неа.“
Осквернување на саботата
32 #
2 Мојс 20,8; 31,12-17; 35,1-3 Кога синовите израелски беа во пустината, најдоа еден, како собира дрва во саботен ден; 33и оние што го најдоа, како собира дрва, го приведоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество; 34и го затворија, бидејќи уште не беше решено што да се прави со него. 35#3 Мојс 20,2; Дела 7,58И му рече Господ на Мојсеј: „Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата.“ 36#Ер 17,21Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
Реси на облеките
37И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 38#5 Мојс 22,12; Мт 23,5„Објави им на синовите израелски и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите што се по полите, да ставаат нишки од сина преѓа, 39#3 Мојс 17,7; 5 Мојс 4,23; Ер 3,2; Ез 20,16; Ос 4,12; Пс 73,27и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се потсетувате на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се поведувате по срцето свое и очите ваши, кои ве водат во заблуда. 40#1 Мојс 26,5; 3 Мојс 11,44; 5 Мојс 11,13; Кол 1,22; 1 Птр 1,15Да ги помните и извршувате сите Мои заповеди и да бидете свети пред вашиот Бог. 41#2 Мојс 20,2Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да ви бидам Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.“
Селектирано:
Броеви 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006