Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 16

16
Побуна на Кореовата дружина
1 # 2 Мојс 6,24; 3 Мојс 10,1-3; 5 Мојс 11,6; Пс 106,17; Јуда 1,11 Кореј, синот на Јицхар, синот на Каат, синот Левиев, како и Да­тан и Авирон, синовите на Елијав, и Тој, синот на Пелет, потомци Рувимо­ви, 2востанаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет мажи од синовите израелски, началници на народот, претставници во собранието, мажи познати. 3#2 Мојс 19,6; Пс 106,16И се собраа против Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?“ 4Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум 5#3 Мојс 10,3; Ер 30,21; 2 Тим 2,19и му кажа на Кореј и на сите негови соучесници, велејќи: „Утре ќе покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Тој ќе го избере, него и ќе го доближи до Себеси. 6#3 Мојс 10,1-3; Откр 8,3Еве што ќе направите: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците 7#2 Мојс 30,9; 3 Мојс 10,1и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господ; кого Господ ќе го избере, тој и ќе биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!“ 8И му рече Мојсеј на Кореј: „Чујте Левиеви синови! 9#8,14-19; 5 Мојс 10,8; 1 Сам 2,11; Ез 44,11; Пс 134,1Малку ли ви е тоа што Бог Израелов ве оддели од израелското општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот, служејќи за Него? 10#Суд 17,5.12Тој те приближи тебе и заедно со тебе сите твои браќа, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате. 11#2 Мојс 16,7И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господ. Што е Арон, па негодувате против него?“ 12Мојсеј испрати да ги повикаат Датан и Авирон, Елијавовите синови. Но тие рекоа: „Нема да одиме! 13#1 Мојс 13,8; Дела 7,27Малку ли ти беше што нѐ изведе од земјата, каде што тече мед и млеко, за да нѐ погубиш во пустината, а сакаш уште и да господариш над нас! 14#3 Мојс 20,24; 1 Сам 11,2; Ер 39,7Нѐ воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја? Или сакаш да им ги извадиш очите на тие луѓе? Нема да одиме!“ 15#1 Сам 12,3-5Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господ: „Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел магаре, никому од нив не сум му направил зло.“
Казната врз Кореј и неговите приврзаници
16И му рече Мојсеј на Кореј: „Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и дру­гите, 17#Ез 8,11па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница – двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница.“ 18#3 Мојс 10,1И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на собранието; исто така и Мојсеј и Арон. 19#2 Мојс 16,7И Кореј го собра против нив целото општество при влезот од скинијата на собранието. И славата Господова се ја­ви пред целото општество. 20И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 21#1 Мојс 19,14; 2 Мојс 32,10„Секој од вас нека се истави од тие луѓе, и во еден миг ќе ги истребам.“ 22#27,16; 1 Мојс 18,16-33; Јов 12,10; Евр 12,9; Откр 22,6А тие паднаа ничкум и рекоа: „Боже, Боже на духовите во сите тела! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?“ 23И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 24„Кажи му на народот: ‚отстапете наоколу од живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон!‘“ 25#2 Мојс 19,7И стана Мојсеј и отиде кај Датан и Авирон, и по него отидоа и старе­ши­ните израелски. 26#1 Мојс 19,15; Ис 52,11; Ер 51,6И му рече на народот: „Тргнете се од шаторите на тие луѓе со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете за сите нивни гре­вови!“ 27#2 Мојс 33,8; Ис.Н. 7,24; Ис 13,16Тие се тргнаа наоколу од живе­алиштата на Кореј, Датан и Авирон; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и же­ните нивни, и синовите нивни, и малите деца нивни! 28#2 Мојс 3,12; 1 Цар 18,36; Јн 5,30Тогаш Мојсеј рече: „По ова ќе познаете дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси. 29Ако умрат тие, како што умираат сите луѓе, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тогаш Господ не ме пратил; 30#1 Сам 2,6; Ис 5,14; Ез 26,20; Пс 141,7; Јов 5,26но, ако Господ изврши нешто нео­бично, и земјата ја отвори устата и ги голтне – сите нив со сѐ што имаат, и тие слезат живи во адот#16,30 Во оригиналот стои шеол., тогаш уверете се дека овие луѓе Го разгневиле Господа.“ 31#Ис 64,1-2Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе, 32#2 Мојс 15,12; Пс 106,17; Откр 12,16и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и семејствата нивни, како и сите луѓе на Кореј со сиот нивен имот, 33#Откр 19,20и тие слегоа живи во адот со сѐ што беше нивно, и земјата ги покри, и нив ги снема од заедницата израелска. 34Сите Израелци што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, зашто си рекоа: „Бегајте, за да не нѐ голтне и нас земјата.“ 35#3 Мојс 10,1-3Оган излезе од Господ и ги изгори оние двесте и педесет мажи што беа принеле темјан.

Селектирано:

Броеви 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се