Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 14

14
Народот одбива да влезе во Ханан
1 # 5 Мојс 1,26-32 # 2 Мојс 33,4; 5 Мојс 1,45; Суд 20,23 Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше целата таа ноќ; 2#2 Мојс 14,11; 15,24; 16,3; 1 Кор 10,10; Евр 3,16и сите синови израелски негодуваа против Мојсеј и Арон, и целиот народ им велеше: „О, да бевме умреле во египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустина! 3#1 Мојс 34,29; 2 Мојс 5,21; 5 Мојс 1,39; Ис 33,4; Ез 7,21; Пс 109,11; Дела 7,39И зошто Господ нѐ води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ќе станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет!“ 4#Неем 9,17Па си велеа едни на други: „Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет.“ 5#Ис.Н. 5,14; 2 Сам 14,4; Ез 1,28; 1 Лет 21,16Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото општество на синовите израелски. 6#1 Мојс 37,29.34; Суд 11,35; 2 Сам 13,31; 1 Цар 19,1; Езд 9,3; Мк 14,63Тогаш Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефунеов, кои беа од оние што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои 7и им рекоа на сите собрани синови израелски: „Земјата што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра. 8#5 Мојс 7,8; Пс 18,18Ако Господ нѐ сака, ќе нѐ воведе во неа и ќе ни ја даде – таа земја, каде што тече мед и млеко; 9#5 Мојс 9,7; Ер 15,20; Агеј 1,13; Пс 118,6; 2 Лет 32,7само не бунтувајте се против Господ и не плашете се од народот на таа земја: тој е мал залак за нас; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.“ 10#2 Мојс 17,4; 24,16И сиот народ рече: „Да ги убиеме со камења!“ Но славата Господова се јави над скинијата на собранието пред сите синови израелски.
Мојсеј #2 Мојс 32,7-14бара прошка за народот
11И му рече Господ на Мојсеј: „До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив Јас меѓу него? 12Ќе го казнам со смрт, ќе го униш­там, и ќе создадам од тебе народ по­многуброен и посилен од овој.“ 13#5 Мојс 9,25-29Но Мојсеј Му рече на Господ: „Ќе чујат Египќаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ, 14#2 Мојс 13,21-22и ќе им кажат на жителите на таа земја, кои слушнале дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и Ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб; 15па, ако Ти го уништиш овој народ до последен човек, тогаш сите оние што слушнале за славата Твоја, ќе речат: 16‚Господ, не можејќи да го воведе овој народ во земјата што со клетва му ја вети, го погуби во пустината.‘ 17#2 Мојс 34,6-7И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи: 18#2 Мојс 20,5-6; 34,6-7; 5 Мојс 5,9-10‚Господ е долготрпелив и многумилостив, Кој ги простува беззаконијата и престапите, и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘ 19Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.“ 20И рече Господ: „Простувам според зборот твој; 21#Пс 72,19но жив сум Јас, и целата земја е полна со славата Господова: 22затоа сите оние што ја видоа славата Моја и делата Мои што ги извршив во Египет и во пустината, и Ме иску­шуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој, 23#2 Мојс 33,1; Пс 95,11; Евр 3,18нема да ја видат земјата што со клетва им ја ветив на предците нивни; сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат; 24#Ис.Н. 14,8.14; Пс 25,13; 39,9.11но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи. 25#1 Цар 9,26Амаликијците и Хананците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустината кон Црвеното Море!“
Господ го казнува Својот народ
26И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 27#2 Мојс 16,12„До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите израелски што го упатуваат против Мене. 28Кажи им: Жив сум Јас, вели Господ – како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам; 29#2 Мојс 30,12; 1 Кор 10,5; Евр 3,16-19; Јуда 1,5во оваа пустина ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре што се буните против Мене, 30#2 Мојс 6,8; Пс 106,26; Неем 9,15нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јефунеовиот син, и Исус, Навиновиот син; 31децата ваши, за кои велевте дека ќе станат плен, ќе ги воведам таму, и тие ќе ја познаат земјата што вие ја презревте; 32а вашите трупови ќе паднат во оваа пустина; 33#2 Мојс 16,35; Дела 13,18синовите ваши, пак, ќе скитаат по пустината четириесет години и ќе страдаат, носејќи го вашиот грев сѐ до­дека не загинат телата ваши во пустинава; 34според бројот на четириесетте дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе страдате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да разберете што значи да бидете напуштени од Мене. 35Јас, Господ, ви велам дека така и ќе постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустина сите ќе изгинат и ќе изумрат.“ 36И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по враќањето свое, се побунија пред сиов овој народ против него, ширејќи лоши гласови за земјата, 37#5 Мојс 4,3; 1 Кор 10,10; Евр 3,17оние што ширеа лоши гласови за зе­мјата, умреа, казнети пред Господ; 38#Ис.Н. 14,6само Исус, синот Навинов, и Халев, синот Јефунеов, останаа живи од оние мажи, кои беа отишле да ја разгледаат земјата. 39#2 Мојс 33,4И ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови израелски, а народот многу се разжалости.
Народот одново е непослушен
40 # 2 Мојс 9,27 И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, ве­лејќи: „Ете, ќе отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејќи згрешивме.“ 41#2 Лет 24,20Но Мојсеј рече: „Зошто ја пренебрегнувате заповедта Господова? Нема да успеете: 42не одете горе, бидејќи Господ не е меѓу вас; и ќе паднете од непријателите ваши, 43#Ис.Н. 6,27; Суд 3,13; 1 Сам 3,19зашто таму пред нас се Амали­кијците и Хананците, и ќе паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Гос­под, и Господ нема да биде со вас.“ 44Но тие решија и се искачија на вр­вот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот. 45#Суд 1,17; 1 Сам 30,30И слегоа Амаликијците и Ханан­ците што живееја на онаа планина, ги разбија и ги гонеа дури до Хорма.

Селектирано:

Броеви 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност