Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 11

11
Израелците во Тавера
1 # 2 Мојс 14,11-12; 3 Мојс 10,2; 5 Мојс 9,22; Пс 106,23 Народот почна гласно да мрмори против Господ; и Господ чу, па Му се разгоре гневот, и меѓу нив пламна оган Господов и започна да го уништува крајниот дел од логорот. 2#1 Мојс 20,7; 2 Мојс 32,11-12; 5 Мојс 9,20И повика народот кон Мојсеј; Мојсеј Му се помоли на Господ и огнот прес­тана. 3#5 Мојс 9,22; Ис 10,17; Јов 1,16И го нарекоа тоа место Тавера, зашто меѓу нив беше пламнал оган Гос­подов.
Народот бара месо
4 # 2 Мојс 16,3; 1 Кор 10,6 Придојдените меѓу нив почнаа да негодуваат, а заедно со нив и синовите израелски седнаа, плачеа и велеа: „Кој ќе нѐ нахрани со месо? 5Ја помниме рибата што ја јадевме како подарок во египетската земја, крас­тавиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот; 6а сега душата наша се исушила: освен мана, ништо друго пред очите наши.“ 7#2 Мојс 16,14А маната прилегаше на коријандрово семе и изгледаше како бделиум. 8Народот одеше да ја собира и ја мелеше со рачни мелници или ја тол­чеше во вагани, и ја вареше во котли, па правеше од неа питки; по вкус тие личеа на питулици, приготвени со мас­ло. 9Кога ноќе паѓаше роса врз логорот, тогаш паѓаше и мана врз него. 10И чу Мојсеј дека народот плаче по домовите свои, секој пред вратата од колибата своја; и гневот Господов силно се разгоре, и на Мојсеј му стана тешко. 11#1 Мојс 34,30; 2 Мојс 5,22; 18,18И Му рече Мојсеј на Господ: „Зошто го измачуваш Твојот слуга и зошто не најдов јас милост пред очите Твои, па го стави врз мене целото бреме на овој народ? 12#2 Мојс 13,5; Ис 40,11Зар јас го носев во утробата своја сиот овој народ, и зар јас го родив, па ми велиш: носи го на раце, како што доилката го носи детето, до земјата, што Ти со клетва им ја вети на предците негови? 13#Јн 6,5-9Од каде кај мене месо, па да им дадам на сите овие луѓе, зашто тие плачат пред мене и велат: дај ни месо да јадеме. 14#2 Мојс 18,18; 1 Цар 3,9Јас сам не можам да го носам сиот овој народ, зашто тој е претежок за мене. 15#2 Мојс 32,32; 1 Цар 19,5; Ис 38,12; Јов 6,9Штом така постапуваш со мене, по­добро убиј ме ако сум добил милост пред Твоите очи, па да не ја гледам неволјата своја.“ 16#2 Мојс 3,16; 18,21-26; Ис.Н. 1,10; Лк 10,1И му рече Господ на Мојсеј: „Со­бери ми седумдесет мажи од старе­шините израелски, за кои знаеш дека се негови главатари и надзорници, па доведи ги кај скинијата на собранието, за да застанат таму заедно со тебе. 17#2 Мојс 18,18; 19,20; 1 Сам 10,6; 2 Цар 2,9; Ис 32,15; Агеј 2,5Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е врз тебе, и ќе им наредам ним, да го носат заедно со тебе бремето на народот, а не ти сам да го носиш. 18#2 Мојс 19,10; Пс 78,20А на народот кажи му: очистете се за утрешниот ден, и ќе јадете месо; зашто плачете пред Господ велејќи: – кој ќе не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, – затоа Господ ќе ви даде месо, и ќе јадете месо; 19ќе јадете не ден, не два, не пет, не десет и не дваесет дена, 20#Ис.Н. 24,27; Суд 8,23; 1 Сам 10,19; Ис 59,13; Пс 78,29; Јов 31,28но цел месец ќе јадете, додека не ви излезе од ноздрите и не ви омрзне, затоа што Го презревте Господа, Кој е меѓу вас, и плачете пред Него, велејќи: – што ни требаше да излегуваме од Египет?“ 21#2 Мојс 12,37И рече Мојсеј: „Шестотини илјади пешаци има во тој народ, среде кој сум јас, а Ти велиш: Јас ќе им дадам месо, и ќе јадат цел месец! 22#Мт 15,33; Јн 6,7-9зар треба да се заколат сите овци и волови, па да им биде доволно? Или ќе се собере сета морска риба, па да ги задоволи?“ 23#1 Сам 15,29; Ис 50,2; 59,1; Ез 12,25; 24,14И му рече Господ на Мојсеј: „Зар е раката Господова кратка? Сега ќе видиш, ќе се оствари ли зборот Мој кон тебе, или не!“
Бог им дава од Својот Дух на седумдесетте старешини
24 # 2 Мојс 19,9; 1 Сам 10,6; 2 Лет 15,1 Мојсеј излезе и му ги кажа на народот зборовите Господови, и собра седумдесет постари мажи меѓу старе­шините народни и ги постави околу скинијата. 25#1 Сам 10,9-13; Дела 2,3-4; 19,6И Господ слезе во облак и говореше со него, и зеде од Духот, Кој беше над него, и им даде на седумдесетте мажи старешини. И кога слезе над нив Духот, тие почнаа да пророкуваат, но потоа престанаа. 26#Откр 1,10Двајца од мажите беа останале во логорот; името на едниот му беше Елдад, а на другиот – Медад; но и над нив беше слегол Духот, и тие пророкуваа во логорот. 27Дотрча едно момче и му јави на Мојсеј, и рече: „Елдад и Медад пророкуваат во логорот.“ 28#2 Мојс 17,9; Ис.Н. 1,1; Мк 9,38-39Во одговор на тоа Исус, син Нави­нов, служител на Мојсеј уште од него­вите млади години, рече: „Господаре мој, Мојсеје, забрани им!“ 29#1 Сам 10,5; Ер 7,25; Јоил 3,1-2; 2 Лет 24,19; Дела 2; 1 Кор 14,5Но Мојсеј му рече: „Зар завидуваш поради мене? О, да беа сите од народот Господов пророци, и да им го испра­теше Господ Својот Дух!“ 30Тогаш Мојсеј се врати во логорот, тој и старешините израелски.
Киврот-Таава: потполошки
31 # 2 Мојс 16,12-13; Пс 78,26-28 Потоа дувна ветар од Господ, и до­несе откај морето потполошки и ги натрупа околу логорот на еден ден пат од едната страна и на еден ден пат од другата страна околу логорот, речиси до два лакта од земјата. 32Се крена народот, и целиот оној ден и цела ноќ и целиот иден ден се собираа потполошки; и оној, кој малку собираше, и тој собра десет гомери: и ги наредија околу логорот. 33#5 Мојс 9,7; Суд 2,12; 2 Цар 22,17; Ис 10,16Месото беше уште во нивните заби и уште не беше изедено, кога се разгоре гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со мошне голем пораз. 34#5 Мојс 9,22И го нарекоа тоа место: Кив­рот-Таава (гробишта на алчноста), зашто таму го погребаа народот, кој се покажа алчен. 35И се кренаа луѓето од Кив­рот-Таа­ва, па појдоа за Хацерот, и во Хацерот се сместија.

Селектирано:

Броеви 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се