Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 10

10
Сребрените труби
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#Ер 4,5; Ос 5,8; Јоил 2,1; 1 Кор 15,52; 1 Сол 4,16„Направи си две сребрени труби, ковани направи ги, за да ти служат да го собираш народот и да ги креваш логорите. 3А кога ќе затрубат со нив, да се собере кај тебе целото општество пред влезот од скинијата на собранието. 4#1,16; 2 Мојс 18,21Кога ќе се затруби со едната труба, да дојдат кај тебе кнезовите и војводите израелски. 5Кога ќе затрубите за поаѓање, да се кренат оние логори што се сместени кон исток. 6Кога ќе затрубите по вторпат за поаѓање, тогаш да се кренат логорите што се сместени кон југ; вака да се труби кога се тргнува на пат. 7#Ер 4,5; 6,1; Ез 33,3; 1 Кор 14,8Кога, пак, се свикува собранието, трубете, но не на тој начин. 8#1 Мојс 9,12Со трубите да трубат Ароновите синови, свештениците: тоа да ви биде вечен закон во родовите ваши. 9#1 Мојс 8,1; 2 Мојс 3,9; 1 Сам 10,18; Суд 2,18; Пс 106,4; 2 Лет 13,12; 1 Кор 15,52; Откр; 8,6-13И кога ќе се кренете да ја браните земјата ваша од непријателот, кој оди против вас, трубете со трубите, и Гос­под, Бог ваш, ќе си спомни за вас, и вие ќе се избавите од непријателите ваши. 10#3 Мојс 23,24; 1 Сам 20,5.24; 2 Цар 4,23; Ис 1,13; Ез 45,17; Амос 8,5; 2 Лет 8,13; 29,27-28И во деновите кога ќе се веселите, и на празниците ваши, и на ново­месе­чијата ваши трубете со труби кога принесувате сепаленица, или жртва за мир; тоа ќе биде за вас сеќавање пред ва­шиот Бог: Јас сум Господ, Бог ваш.“
Од Синај до границите на Моав
Израелците поаѓаат на пат
11 # 2 Мојс 38,21; 40,17 На втората година, во вториот ме­сец, на дваесеттиот ден од месецот, об­лакот се крена од скинијата на со­бра­нието. 12#1 Мојс 14,6Тогаш синовите израелски појдоа од Синајската Пустина табор по табор, и облакот застана во пустината Фаран. 13#5 Мојс 1,6И се кренаа тие за првпат, по запо­вед на Господ, дадена преку Мојсеј. 14Прво беше кренато знамето што беше во логорот на потомците Јудини, според полковите нивни; со војската Јудина раководеше Наасон, Ами­надаво­виот син; 15со војската од племето на потомците Исахарови раководеше Натанаил, Цуаровиот син; 16над војската од племето на потомците Завулонови беше Елијав, Хелоно­виот син. 17И се кренаа синовите Гирсонови и синовите Мерариеви, кои ја носеа ски­нијата. 18Потоа беше кренато знамето во логорот на потомците Рувимови според полковите нивни; и над војската Руви­мова беше Елицур, Шедеуровиот син; 19а над војската од племето на потомците Симеонови беше Шелумиел, Цу­ри­ша­даевиот син; 20над војската, пак, од племето на по­томците Гадови беше Елијасаф, Деуе­лов син. 21Потоа тргнаа Каатовците, носејќи го светилиштето; а скинијата ја пос­таву­ваа пред тие да пристигнат. 22И се крена знамето во логорот на потомците Ефремови со војската негова; и над војската Ефремова беше Ели­шама, Амиудовиот син; 23а над војската од племето на потомците Манасиеви беше Гамалиил, Педа­цу­ровиот син; 24над војската пак, од племето на потомците Венијаминови беше Авидан, Гидониевиот син. 25Последно меѓу сите логори беше кре­нато знамето во таборот на потомците Данови со војската нивна; и над војската Данова беше Ахиезер, Амиша­даевиот син; 26а над војската од племето на потомците Асирови беше Пагиил, Охрано­ви­от син. 27Над војската пак, од племето на потомците Нефталимови беше Ахира, Енановиот син. 28Тоа е редоследот на тргнувањето на синовите израелски со војските нивни. И тргнаа.
Мојсеј бара предводник за патувањето
29 # 1 Мојс 12,2.7; 15,14; 2 Мојс 2,15-22; 3,1; Суд 4,11 И му рече Мојсеј на Ховав, синот на Рагуил, Мидјанецот, Мојсеевиот тест: „Ние одиме во она место, за кое Господ рече: ‚вам ќе ви го дадам.‘ Дојди со нас, ќе ти направиме добро, зашто Господ вети многу добрини за Израел.“ 30#2 Мојс 18,27; Мт 21,29Но тој му одговори: „Нема да дојдам; ќе отидам во својата земја, при родот свој.“ 31#Јов 29,15А Мојсеј му рече: „Не оставај нѐ, зашто ти ги знаеш местата во пустината, и ќе ни бидеш како предводник. 32#5 Мојс 10,18; Пс 22,26-30Ако појдеш со нас, оние добра што Господ нам ќе ни ги направи, ќе ти ги направиме и ние тебе.“ 33#5 Мојс 1,33; 10,8; Ис.Н. 3,3; Суд 20,27; 2 Сам 15,24И изминаа од планината Господова три дена пат, а ковчегот на заветот Господов одеше пред нив на три дена пат, за да им одбере место, каде да се сместат. 34#2 Мојс 40,34-38; 5 Мојс 1,33И облакот Господов ги осенуваше дење, кога тргнуваа од логорот. 35#5 Мојс 5,9; 7,10; Суд 5,31; 1 Сам 2,1; Ис 17,12-14; 59,18; Пс 17,13; 68,2; 2 Лет 6,41Кога ковчегот се креваше за пат, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе ги снема Твоите непријатели, и ќе избегаат од Твоето лице оние што Те мра­зат!“ 36#1 Мојс 15,5; 26,4; 5 Мојс 1,10; Неем 9,23А кога ковчегот се запираше, тој велеше: „Врати се, Господи, кај илјадите и десетиците илјади Израелци!“

Селектирано:

Броеви 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се