Броеви 9
9
Денот за прослава на Пасхата
1И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина во првиот месец од втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи: 2„Нека направат синовите израелски Пасха во определеното за неа време: 3на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според сите прописи пропишани и со сите обреди пропишани за неа направете ја!“ 4И им рече Мојсеј на синовите израелски да направат Пасха. 5И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската Пустина: како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и постапија во сѐ синовите на Израел. 6А имаше луѓе, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие луѓе во оној ден кај Мојсеј и Арон, 7и му рекоа на Мојсеј: „Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господ во определеното време меѓу синовите израелски?“ 8#2 Мојс 18,15; 3 Мојс 24,12; Пс 85,7И им рече Мојсеј: „Почекајте да чујам, како ќе заповеда Господ за вас.“ 9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 10#2 Лет 30,2„Кажи им на синовите на Израел: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, и тој нека направи Пасха Господова. 11#2 Лет 30,15Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец вечерта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки; 12#Јн 19,36и да не оставаат од неа за утрешниот ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите прописи за Пасха. 13#1 Мојс 17,14А оној што е чист, а не бил на пат и не направи Пасха, – да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господ во определеното време: грев ќе прими врз себе тој човек. 14#2 Мојс 12,48-49Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; според наредбата за Пасха и според обредот за неа тој треба да ја направи; еден закон нека постои за вас – и за придојден, и за тукашен.“
Облак врз светата скинија
15 #
2 Мојс 13,21-22; 5 Мојс 1,33 #
2 Мојс 38,21
Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата на собранието, и од вечерта па до изутрина се гледаше нешто како оган над скинијата. 16Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган – ноќе. 17И штом облакот ќе се кренеше од скинијата, синовите израелски тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите израелски. 18По заповед на Господ синовите на Израел тргнуваа на пат и по заповед на Господ застануваа: за сето време, додека облакот стоеше над скинијата, стоеја и тие; 19#3 Мојс 8,35и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите израелски го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа. 20Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат. 21Понекогаш облакот стоеше само од вечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноќе, и кога ќе се кренеше, тогаш и тие тргнуваа; 22или ако два дена, или цел месец, или подолго време облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите израелски стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ќе се издигнеше, тогаш тргнуваа. 23На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат; го следеа знакот Господов според заповедта на Господ, дадена преку Мојсеј.
Селектирано:
Броеви 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006