Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 12

12
Мирјам е казнета со болеста лепра
1 # 2 Мојс 2,21; 15,20 Тогаш Мирјам и Арон го прекоруваа Мојсеј поради жената Етиопјанка што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка; 2#2 Мојс 4,15-16и рекоа: „Само на Мојсеј ли му збо­рува Господ? Не ни говореше ли Тој и нам?“ И Господ го чу тоа. 3#2 Мојс 4,10; Мт 11,29А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата. 4И им рече Господ ненадејно на Мојсеј, на Арон и на Мирјам: „Излезете вие тројца пред скинијата на собранието!“ Тие излегоа и тројцата. 5#2 Мојс 13,21И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на со­б­ра­нието, па ги повика Арон и Мирјам, и тие излегоа и двајцата. 6#1 Мојс 20,3; 1 Сам 3,7; Мт 27,19; Евр 1,1И рече: „Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него; 7#5 Мојс 34,5; Ис.Н. 1,1-2; Пс 105,26; Евр 3,2-5; Откр 15,3не е така, меѓутоа, со Мојот слуга Мојсеј, – тој е најверниот во целиот Мој дом: 8#2 Мојс 33,11-20; Ез 1,28; Јн 9,29; 1 Кор 13,12; Кол 1,15; Евр 11,27Јас му говорам нему директно, и јавно, а не преку скриени зборови, и тој ја гледа славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеј?“ 9И се разгоре гневот Господов против нив, и Тој си отиде. 10#3 Мојс 13,11; 5 Мојс 24,9; 2 Лет 26,20Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Мирјам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Мирјам, и, ете, таа беше лепрозна. 11И му рече Арон на Мојсеј: „Господаре мој, не ни го сметај за грев, тоа што постапивме неразумно и згрешивме, 12не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до поло­вина веќе е гнило.“ 13#2 Мојс 15,26; Ис 1,6; 30,26; Ер 17,14; Ос 6,1; Пс 6,1И се обрати Мојсеј кон Господ, велејќи: „Боже, Ти се молам, исцели ја.“ 14#3 Мојс 13,4-6.46; Ис 50,6; Јов 17,6; 30,9-10И Му рече Господ на Мојсеј: „Ако татко ѝ ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена?! И така, нека биде прогонета седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.“ 15#3 Мојс 13,4; 14,8И престојуваше Мирјам надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.
Извидници во земјата хананска
16 # 1 Мојс 21,21 Потоа народот тргна од Хацерот и се улогори во пустината Фаран.

Селектирано:

Броеви 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се